Која е најопаснатa мувла во домот и како да ја препознаете?

Фото: Профимедиа

Постојат повеќе видови мувла, како стацхиботрис и цхаетомиум (Stachybotrys, Chaetomiun) – отровни црни мувли кои му штетат на здравјето. Но, според експертот за мувла, Мајкл Рубино, поопасна од нив е т. н. вообичаена мувла – Аспергилиус (Aspergillus).

„Аспергилиус е еден од главните видови кои зафаќаат голем процент од просторот. Многу луѓе, кои страдаат од штетното дејство на мувлата, го имаат токму овој вид во своите домови. Аспергилиус го нарекувам „кактус мувла“, бидејќи има способност да расте и да преживее со мошне малку вода, не е потребен некој катастрофален настан кога ѕидовите и подот ќе се натопат со вода. Спорите од овој вид лесно создаваат колонии“, вели Рубино.

Зошто е толку штетен?

„Аспергилиус има способност да произведува микроскопски токсини т. н. микотоксини. Кога мувлата ќе се почувствува загрозена, почнува да произведува мали токсини заедно со повеќе спори на мувлата. Тогаш овие ситни отровни честички, микотоксини, не само што го намалуваат квалитетот на воздухот во затворениот простор, туку негативно влијаат на здравјето на луѓето кои ги вдишуваат“, вели Рубино.

Секој различно реагира на изложувањето на мувлата. Тука се генетиката, должината на времето на изложеноста, концентрацијата на честичките во воздухот, претходната здравствена состојба… Една личност можеби нема да чувствува никакви симптоми, додека друга може да има сериозни реакции.
Луѓето со ослабен имунолошки систем се особено склони кон развој на симптоми. Нивниот имунолошки систем не е во состојба да го ослободи телото од спорите на мувлата, честичките од мувла и од токсините.

Како да ја забележите оваа мувла во домот?

„Еден од главните проблеми со Аспергилиус е неговата способност да остане неоткриен во домот. Ова е главно поради тоа што има посветла боја. Досега се идентификувани над 180 видови на Аспергилиус и доаѓаат во различни бои, но многу се со зеленикаво-жолта боја“, објаснува Рубино.

„За разлика од црната или кафеавата мувла, која изгледа како дамка налик на кафе и е лесно да се забележи, пригушената боја на овој вид често се спојува со околината. Тоа значи дека Аспергилиус може да букне многу долго пред да се открие“, додал тој.

Каде најчесто се појавува?

„Како и сите видови мувла, така и Аспергилиус бара влага, што значи дека успева во сите влажни области во внатрешноста на домот каде што може да дојде до кондензација. Тоа може да бидат таваните и подрумите, но и прозорците, прозорските прагови. Може да се појави и по продирањето на водата во затворен простор.

Рубино советува внимателно да го прегледате секој агол од куќата.

„Внимателно погледнете ги сите простории бидејќи, како што реков, Аспергилиус често има многу светла боја, иако може да биде и кафеава или сива. Светилката е голема помош, бидејќи можете да ја користите за осветлување на тешко достапни места. Покрај тоа, секако потпрете се и на својот нос. Присуството на мувла често создава мувлосана, земјена, скапана и влажна миризба во воздухот“, додава тој.

„Ако почувствувате мирис на влага, или забележите видлива мувла или здогледате дамки од вода, промена на бојата налик на кафе или валкани површини што може да укажуваат на мувла, препорачувам да повикате експерт што е можно побрзо“, советува Рубино.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот