Која е долгогодишната тајна за венчалниот прстен на кралицата Елизабета?

инстаграм

Кралицата Елизабета Втора (94) и принцот Филип (99) следниот месец ќе ја прослават 73-тата годишнина од бракот. Во текот на сите тие години, успешно чувале една тајна од јавноста и целото нивно семејство.

Instagram

Никој освен Филип, Елизабета Втора и златарот кој го направил прстенот, не знаел каква порака имал врежано Филип за својата саката во 1947 година.

Instagram

Барем Филип не морал да плаќа за прстенот, бидејќи народот од Велс му поклонил грутка злато од која е направен прстенот. Кралицата никогаш не го вади прстенот во кој е врежата пораката. Никој не знае што пишува на прстенот, освен Кралицата, Филип и златарот кој го изработил прстенот“, напишала Ингрид Сивард во својата нова книга „Prince Philip: A Portrait of the Duke of Edinburgh“ која воедно е експерт за кралското семејство.

Instagram

Елизабета и Филип се венчале на 20 ноември 1947 година во Вестминстер, област во централниот дел на Лондон. Венчавката имала директен пренос на Националната телевизија во Велика Британија, а преносот го следеле повеќе од 200 милиони луѓе. На нивната венчавка имало околу 2.000 гости.

Вереничкиот прстен на Елизабета криел прекрасна приказна зад себе. Принцот Филип прстенот го направил од тијарата на неговата мајка, принцезата Алиса од Батенберг. Кога се изработувал прстенот Филип му наредил на златарот да вметне порака но за тоа да не дознае никој!

Instagram

Алиса ја добила тијрата од рускиот цар Николај Втори и неговата сопруга, царицата Александра, кога се омажила за принцот Ендру од Грција и Данска. Сега останува прашањето, дали некогаш јавноста ќе ја дознае тајната порака?

Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот