Која била Мулан? Легенда за кинеската воинка, спретна со мечот, а нежна како магнолија

Профимедиа

Симпатичната и храбра хероина на „Дизни“ од 1998 година, кога е пуштен првиот анимиран филм за Мулан, ги инспирира девојчињата ширум светот. Иако секако прилагодена за деца, приказната за Мулан не е целосно измислена.

За компанијата „Дизни“ како инспирација за цртаниот филм за младата воинка, послужила древната кинедка песна „Балада за Мулан“.

Според легендата, нејзиното вистинско име било Хуа Мулан. На кинески Мулан значи магнолија.

Профимедиа

Живеела во периодот меѓу 4 и 6 век, за време на владеењето на Јужната и Северната династија.
Кога Кина била нападната од страна на Монголите, а мажите биле повикани во војна, нејзиното семејство немало машки наследник кој би и се придружил на војската. Хуа Мулан имала 18 години кога се пријавила во војската наместо татко и.

Легендата вели дека Мулан била многу спретна со мечот и вешта со оружје. Поседувала исклучителни боречки вештини за кои се верува дека ги стекнала уште како девојче.

Хуа Мулан во војната поминала 12 години во текот на кои била одликувана дури 12 пати.

Профимедиа

Напредувала во воената хиерархија, па стигнала и до мошне високи чинови. Според легендата, по 12 години им признала на своите соборци дека е жена и се вратила дома.

Тука завршува „Баладата за Мулан“, но една книга објавена во време на династијата Минг го открива крајот на приказната за Мулан.

Според овој роман, Мулан по враќањето дома дознала дека татко и починал, а мајка и се премажила.

Мулан била повикана да биде конкубина кај владетелот на регионот во кој живеела. За да ја избегне таквата судбина, Мулан извршила самоубиство.

Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот