Која била Џејн Роу, жената која се борела за правото на абортус пред 50 години?

Џејн Роу
Џејн Роу / Фото: Profimedia

Поништувањето на пресудата на Роу против Вејд од 1973 година во Врховниот суд за милиони Американки значи можна забрана за абортус. Абортусот нема автоматски да стане нелегален во САД, но поединечни држави сега ќе можат да одлучат дали и како да го дозволат тоа.

Се очекува многу држави целосно да го забранат абортусот или ригорозно да го ограничат. Во некои држави, клиниките за абортус почнаа да се затвораат по одлуката на Врховниот суд во петокот, минатата недела.

Што значи оваа судска одлука?

Дури 13 држави имаат закони со кои ќе се забрани абортусот во рок од 30 дена. Според Институтот Гутмахер, повеќе од 20 држави преземаат чекори за ограничување на пристапот до абортус. Некои држави имаат намера да го забранат абортусот од моментот на зачнувањето, додека други воведуваат забрани по шест или повеќе недели.

Сите држави дозволуваат абортус со цел да се спаси животот на мајката, додека некои исто така дозволуваат исклучоци за случаи на силување или инцест. Повеќето рекоа дека нема да ги гонат жените поради обидот да ја прекинат бременоста, но оние кои ќе абортираат ќе бидат кривично гонети, како и оние кои се обидуваат да им помогнат на жените да абортираат.

„Колку и да се подготвувавме за лошите вести, ова не погоди. Моравме да им се јавиме на пациентите и да им кажеме дека Роу против Вејд е поништена“, изјави за „Би-Би-Си“ медицинската сестра Ашли Хант од клиниката за абортус во Арканзас.

Волонтерката Линда Кочер ги придружува жените кои одат во клиниката на абортус. Таа вели дека богатите жени сепак ќе можат да пристапат до абортуси во други држави, но дека тоа нема да важи и за сиромашните жени. Кочер вели дека сиромашните жени ќе бидат гонети за незаконски практики. Борците против абортусот се задоволни од одлуката на Врховниот суд.

Која беше Норма Мекорви, жената со која започна сè?

Жената која пред 50 години го покрена случајот со кој на жените во САД им се даде право на абортус се вика Норма Мекорви. Во случајот против Тексас, Норма се викаше Џејн Роу.

Норма имала 22 години во 1970 година и била келнерка во Далас. Таа не била мажена и останала бремена по трет пат. Во тоа време абортусот бил забранет, освен кога животот на мајката бил во опасност. Норма рекла дека била силувана и сакала да абортира. По неуспешниот обид за нелегален абортус во петтиот месец од бременоста, таа ги контактирала Сара Ведингтон и Линда Кофи, дипломирани правници на Универзитетот во Тексас.

Ведингтон и Кофи поднеле тужба во која се наведува дека е прекршено правото на приватност на 22-годишната Норма со четири уставни амандмани. За да ја задржи анонимноста, Норма станала Џејн Роу во тужбата и се впуштила во правна битка против Хенри Вејд кој во тоа време бил окружен обвинител во Далас. Случајот Роу против Вејд првпат стигна до Врховниот суд во 1970 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NationofChange (@nation_of_change)

Уставот го гарантира правото на абортус

Правната битка траела три години, а во јануари 1973 година, судија на Врховниот суд донел пресуда за која гласале седум судии. Само двајца судии беа против. Во пресудата било наведено дека Тексас го прекршил уставното право на приватност во случајот со Норма Мекорви. Судиите заклучиле дека федералните влади немаат овластување да забрануваат абортуси. Сега, со поништувањето на пресудата, федералните влади имаат овластување повторно да го сторат тоа.

Пред речиси 50 години, Врховниот суд во случајот Роу против Вејд пресуди дека Уставот на САД го штити правото на жената на абортус. Тогаш беше креиран систем во кој жената има апсолутно право на абортус во првите три месеци од бременоста. Државата може да го забрани или ограничи абортусот во вториот квартал, а во последниот квартал е забранет.

Случајот Роу против Вејд откри дека жената сè уште може да абортира во последниот триместар и покрај законската забрана доколку лекарите потврдат дека тоа го спасува животот или здравјето на мајката. Иако Норма победи, процесот траел, и таа го родила нејзиното трето дете и веќе било дадено на посвојување. Норма го дала и своето средно дете на посвојување. Нејзиното прво дете го посвоила мајката на Норма.

Норма почина во 2017 година на 69-годишна возраст во центар за помош во Тексас. Таа, наводно, на смртна постела признала дека никогаш целосно не го поддржувала движењето против абортусот. Претходно, во документарецот наречен „AKA Jane Roe“, Норма рекла дека им ги земала парите, а тие ја ставиле пред камера и ѝ кажувале што да збори.

Норма во 1981 година станала активистка и волонтирала во Националната организација за жени во Далас. Работела со здруженија кои го поддржувале абортусот. Во средината на 90-тите се приклучила на групите против абортусот. Норма ниту го поддржувала ниту се противела на абортусот, но верувала дека тој треба да биде легален три месеци по зачнувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот