Која беше Барбара Волтерс – на нејзиното столче седнаа од Кастро до Путин

Барбара Волтерс со Фидел Кастро и Владимир Путин/ Фото: Wikimedia Commons

Барбара Волтерс, една од најпопуларните новинарки на американската телевизија, првата жена водителка на вечерната информативна програма на американската мрежа „Еј-би-си“, почина минатата недела, на 93-годишна возраст.

Фото: Wikimedia Commons
Фото: Wikimedia Commons

Веста ја објави телевизијата „Еј-би-си њуз“, каде Барбара Волтерс го поминала поголемиот дел од својата кариера која опфаќа речиси пет децении. Таа ја започна својата телевизиска кариера на „Ен-би-си“ во „The Today Show“ во 1960-тите, и работеше како сценарист и продуцент.

Таа влезе во историјата како првата жена која беше дел од парот за водење на вечерни вести, кој дотогаш беше позиција исклучиво за мажи.

Барбара Волтерс и поранешниот американски претседател Џими Картер/Фото: Picryl

Барбара го започна популарното женско ток-шоу „The View“ во 1997 година, а во текот на нејзината кариера стана позната по разговорите со највлијателните и најмоќните луѓе ширум светот. На списокот на луѓе со кои имала многу интересни разговори биле поранешниот кубански претседател Фидел Кастро, британската премиерка Маргарет Тачер, либискиот лидер Моамер Гадафи, ирачкиот претседател Садам Хусеин и секој американски претседател со својата сопруга, почнувајќи од Ричард и Пет Никсон.

Барбара Волтерс и Фидел Кастро/Фото: Flickr

Нејзиното последно појавување на „Еј-би-си њуз“ беше во 2015 година.

Во 1996 година, Волтерс беше рангирана на 34-тото место на листата на ТВ водич за „50 најголеми ТВ ѕвезди на сите времиња“, а во 2000 година доби награда за животно дело од Националната академија за телевизиски уметности и науки.

Барбара Волтерс е родена во 1929 година (иако самата Волтерс тврдеше дека е родена во 1931 година во интервју пред камера) во Бостон од мајка Дена и татко Луис „Лу“ Волтерс. Нејзините родители биле Евреи и потомци на бегалци од поранешната Руска империја.

Нејзиниот дедо од страна на таткото, Абрахам Исак Вомвотер, е роден во Лоѓ, Полска, и емигрирал во Обединетото Кралство, менувајќи го своето име во Абрахам Волтерс (оригиналното семејно презиме било Варемвасер). Таткото на Волтерс е роден во Лондон околу 1896 година и се преселил во Њу Јорк со својот татко и двајцата браќа, пристигнувајќи на 28 август 1909 година. Неговата мајка и четирите сестри пристигнале во 1910 година.

Таткото на Барбара ја отвори њујоршката верзија на Латинскиот кварт во 1949 година. Тојра ботеше како продуцент на Бродвеј, каде што го продуцираше филмот „Ziegfeld Folies“ во 1943 година. Тој, исто така, беше директор за забава на одморалиштето и казиното „Тропикана“ во Лас Вегас, Невада, каде што го претстави сценското шоу „Folies Bergère“ од Париз во главната сала на одморалиштето.

Фото: Wikimedia Commons

Барбара Волтерс беше мажена четири пати за тројца мажи: Роберт Хенри Кац, бизнисмен и поранешен армиски поручник, Ли Губер, драмски продуцент и сопственик на театари двапати за Мерв Аделсон, директор на телевизијата Лоримар. По три спонтани абортуси во бракот со вториот сопруг, усвоиле бебе девојче на кое му го дале името Жаклин Дена.

Во своите мемоари, таа откри дека имала афера во 1970 година со Едвард Брук, тогаш оженет сенатор од Чикаго. Не е откриено дали таа тогаш била во брак. Тие ја прекинаа врската за да избегнат скандал. Во 2007 година, таа беше во врска со добитникот на Пулицерова награда Роберт Нил Батлер.

Барбара Волтерс беше блиска пријателка на Вуди Ален, а исто така беше многу блиска со колешката Џоан Риверс.

Во интервјуто кое го дала во 2013 година, таа изјавила дека единствено жали во животот што немала повеќе деца.

Сè уште се зборува за нејзините интервјуа со политички лидери како Кастро и Бил Клинтон, таа ги интервјуираше најголемите ѕвезди на Холивуд како Барбра Стрејсенд и Кетрин Хепберн.

Почина Барбара Волтерс, една од најпопуларните американски новинарки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот