„Кој си игра со оган ќе изгори“ – Предупредување на Си Џипинг до Бајден

Бајден и Џинпинг
Претседателот на САД, Џо Бајден и кинескиот претседател Си Џинпинг/ Фото EPA/LINTAO ZHANG / POOL

Лидерите на САД и Кина, Џо Бајден и Си Џипинг упатија меѓусебни закани и предупредувања за и околу Тајван за време на вчерашниот телефонски разговор кој, според извештаите траел повеќе од два часа.

Американскиот претседател Џо Бајден му потенцирал на својот кинески колега Си Џинпинг дека САД силно се спротивставуваат на едностраните потези за промена на статусот на автономниот остров со кој управува демократска влада, поцетувајќи дека и покрај кинеските закани , американската политика кон Тајван нема да се менува, пренесува Би-би-си.

Владата во Пекинг, пак, информираше дека престедателот Си Џипинг му возвратил на Бајден, опоменувајќи го дека администрацијата во Вашигтон мора да се придржува до принципот на една Кина, кој го смета Тајван за дел од континентална Кина.

Фото: EPA-EFE/WU HONG

„Кој си игра со оган ќе изгори“. гласело предупредувањето на кинескиот престедател за време на двочаосвниот разговор со Бајден.

Тензиите околу тоа прашање се зголемија по гласините дека претседателот Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси планира да го посети Тајван.

Стејт департментот соопшти дека Пелоси не го најавила патувањето на тајванскиот остров , но Кина предупреди на сериозни последици доколку дојде до таква посета.

Евентуалната посета на Пелоси на Тајван би се сметала како посета на највисокиот американски функционер што го посетил отцепениот остров откако републиканецот Њут Гингрич го посети Тајван во 1997 година.

За време на телефонскиот разговор, Бајден и Си разговарале и за организирање можна директна средба , соопшти висок американски функционер, опишувајќи го телефонскиот разговор како „директен“ и „искрен“.

Кина го гледа Тајван како своја отцепена провинција, која мора да стане дел од земјата и не ја исклучи можноста за употреба на сила за да се постигне тоа.

Тајвански хеликоптери
Тајвански хеликоптери / Фото: EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO

Според политиката на една Кина, Вашингтон дипломатски не го признава Тајпеј, но САД продаваат оружје на автономниот остров за да може да се брани.

Белата куќа соопшти дека покрај Тајван, двајцата лидери разговарале и за низа прашања, вклучувајќи ги климатските промени и здравствената безбедност.

Аналитичарите веруваат дека и Бајден и Си сакаат да избегнат отворен конфликт, но ниту еден не направи обид да го смени спротивставениот дискурс, и да направи компромис во својата политика
Белата куќа соопшти дека тоа е дел од напорите за одговорно управување со разликите и соработка каде што интересите се совпаѓаат.

Илустрација – СП. архива

Во многу подолга изјава, Пекинг соопшти дека многу од нивните интереси се совпаѓаат, но ги обвини САД за влошување на односите, ја критикуваше администрацијата на Бајден дека ја гледа Кина како „главен ривал“ и „најсериозен долгорочен предизвик“ на САД.

Според кинеското соопштение, Си предупредил и да не се делат двете најголеми светски економии.

Бизнисмените и економистите предупредуваат дека таквата промена, поттикната од кинеската индустриска политика и американските ограничувања за извозот на технологија, може да и наштети на глобалната економија со забавување на иновациите и зголемување на трошоците.

Во кинеското соопштение не се наведува дали Бајден и Си разговарале за плановите за посетата на Ненси Пелоси на Тајван, но се вели дека кинексиот лидер го отфрлил мешањето од надворешни сили што може да го охрабри Тајван да се обиде да го претвори својот де факто независен статус со децении, во траен суверенитет на островот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот