Кој што сака нека збори, момците испишаа историја!

fiba.basketball/europe/

Македонската машка јуниорска репрезентација се пласира на четвртото место на Европското првенство за кошаркари до 18 години (дивизија „Б“) откако на натпреварот за трето место загуби од Чешка со 89:80.

Со максимални пет победи од пет одиграни натпревари јуниорите разигруваа против Естонија во четвртфиналето. Триумфот над нив им го донесе Израел како противник во полуфиналето кој пак им го нанесе првиот пораз на ова првенство. Тоа значеше борба за трето место против Чешка.

Веднаш после завршувањето на еврошампионатот изминатиот викенд, беа прогласени најдобрите, во идеалниот тим се најде Андреј Јакимовски со одлична статистика со учинок од 18.4 поени и 9.4 скокови по натпревар.

Јуниорите не успеаја да запишат триумф на осмиот натпревар на ова првенство, се пласираа на четвртото место и остана без пласман во „А“ дивизијата.

После овој настап во Орадеа, и покрај тоа што не беше остварена целта селекторот Тони Симиќ е горд на своите кошаркари:

– Јас Тони Симиќ како селектор на М18 заедно со стручниот штаб сакам да изразам едно големо благодарам до моите избраници. Деца мои вие сте за мене победници. Вие го оставивте срцето на терен, ме направивте горд и мене и вашите родители, ја направивте горда Македонија. А секогаш ќе има некој на кого овој резултат и пласман нема да му се допадне. Нека им служи на чест. Уште еднаш вие за мене ја напишавте историјата во кошарката. Не е малку шест од шест добиени натпревари и пласман во полуфинале. Со дигнати глави да си одиме дома, со дигнати глави утре да прошетаме низ Скопје и низ Македонија зошто ние сме едни и единствени – вели Симиќ.

(фејсбук статус на авторот)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот