Кој се плаши од средната класа?

Податоците покажуваат дека во Македонија 455.000 граѓани, односно околу 22 отсто од населението, живее во сиромаштија, што нė рангира меѓу првите во Европа. Истовремено, најбогатите 1 отсто заработуваат 14,4 отсто од вкупниот национален доход,што повторно нė сместува на врвот.

Алармантни предупредувања испрати и Светската банка која соопшти дека комбинираните ефекти на пониските приходи од работа и намалените дознаки како резултат на ковид-19 се очекува екстремно да го зголемат нивото на сиромаштија. Предвидувањата се дека стапката на сиромаштија ќе порасне повеќе од 20 проценти.

Македонската олигархија, пресметувајќи ги милионските профити, веројатно не го слушнала или не го разбрала повикот за солидарност испратен од Светскиот економски форум и побрза да аплицира и земе што е можно поголем дел од скромната финансиска помош, иако лани оствариле добивки од повеќе милиони евра. Кризата трае и негативните ефектите се очекува да се прелеат и во следната година, а поголем дел од претприемачите, кои се претежно мали и средни претпријатија, се жалат дека за нив нема економски спас. Стопанството тоне, а претприемачите, кои се сметаа за идната средна класа, полека, но сигурно исчезнуваат.

Прочитајте и...  Будалите секогаш оро водат

Според OEЦД, припадници на средната класа се домаќинства со доход од 75 до 200 отсто од националната просечна плата, а намалувањето на средната класа во најголем дел се должи на стагнацијата на примањата. Трошоците истовремено растат значително побрзо од инфлацијата во поединечните клучни ставки, како што се домувањето, каде што според податоците на OEЦД, во последните две децении растот на трошоците е трикратно поголем од растот на просечниот доход на домаќинствата. Повеќе од 20 отсто од домаќинствата за кои се смета дека припаѓаат на средната класа, трошат повеќе отколку што заработуваат, па така засилено се потпираат на кредитно задолжување за да го финансираат начинот на живеење.

Она кое што во изминатите години е видно е дека ниту една од партиите нема стратегија за раст во насока на зајакнување на средната класа, можеби затоа што таа средна класа ќе има многу поголемо влијание врз политичкиот и економскиот живот во државата. Празни се флоскулите за поддршка од политичари, кои ниту знаат ниту сакаат вистински да помогнат на претприемачите и реалната економија. Со системски решенија за напредување на економијата, ќе се обезбеди раст со кој ќе има повеќе за секој, а тоа што се ветува во последните партиски програми не влева надеж дека нешто ќе се промени.

Прочитајте и...  Будалите секогаш оро водат

Со оставање на малите и средни претпријатија да се снаоѓаат како знаат и умеат среде криза со која не можат самите да се изборат, се ризикува да пропадне сė што досега вложиле и исчезнува каква било илузија за досега декларативно истакнатата поддршка за зајакнување на средната класа, како и за позначаен раст и развој на македонската економија.

Така, во Македонија ќе останат единствено олигархијата и сиромаштија. Првите ќе продолжат да се богатат на грбот на другите кои се борат за егзистенција.

(авторот е претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија)

Поврзани вести

Будалите секогаш оро водат

Златко Теодосиевски

Малограѓански сомнамбулизам

Александар Литовски

Бугарската болка се Македонците во Бугарија

Бошко Нацевски

Посредување или мал оглед за (пост)вистината

Ненад Јовановиќ

Дефект на човечноста

Мирослав Грчев

Каракачанов со полк, јас пак со јазикот

Атанас Костовски

Остави Коментар