Кој профитира, а кој губи од „Турскиот тек“?

Фото: EPA-EFE/ALEXEY DRUZHININ

Вистинското значење на „Турскиот тек“ за Кремљ е во тоа што тој гасовод, заедно со „Северен тек 2“ кој оди кон Германија, на Украина и го одзема транзитот на гас кон Европската Унија. Тоа требаше да биде еден вид на казна за соседната земја која не се сврте кон Русија, туку кон Европа.

Кој профитира од „Турскиот тек“? Турција, Бугарија и Србија. А кој губи? Русија. Путин не го доби тоа што го сакаше, а „Гаспром“ беспотребно потроши многу пари, проценува уредникот во редакцијата на „Дојче веле“ на руски јазик Андреј Гурков.

Со голем спектакл, Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин во средата го прославија пуштањето во употреба на гасоводот „Турски тек“. За турскиот претседател тоа беше игра на домашен терен и ги имаше причина да ужива во пофалбите. Едроган, имено, го добил тоа што го посакувал, пишува „Дојче веле“.

Добил потполно нов гасовод кој, преку Црното Море, директно од Русија, со гас го снабдува развиениот европски дел на Турција западно од Босфорот. И се тоа по многу пониски цени од порано. Тој дел на земјата, имено, рускиот гас го добивал преку Украина, Молдавија, Украина и Бугарија. Транзитни такси сега нема, а нема ниту транзитни ризици.

Неуспех на Путин на геополитички план

За разлика од својот домаќин, на рускиот претседател геополитичката игра не одела во негов прилог, па на свеченоста во Истанбул морал да глуми дека е задоволен. Владимир Путин, кој ги носи стратешките одлуки за полудржавниот концерн „Гаспром“, не го добил тоа што го посакувал.

Вистинското значење на „Турскиот тек“ за Кремљ е во тоа што тој гасовод, заедно со „Северен тек 2“ кој оди кон Германија, на Украина и го одзема транзитот на гас кон Европската Унија. Тоа требаше да биде еден вид на казна за соседната земја која не се сврте кон Русија, туку кон Европа, констатираат од „Дојче веле“.

Поради тоа двата гасоводи се градени истовремено. И поради тоа двата гасоводи требаа да бидат во погон до крајот на минатата година, точно во времето кога истекуваше десетгодишниот руско-украински договор за гас. Тој план, меѓутоа, не успеа поради неколку причини, меѓу другото и поради неодамна воведените американски санкции кои во декември ја прекинаа изградбата на речиси готовиот „Северен тек 2“.

За да може да продолжи со снабдување на ЕУ како најважен пазар, „Гаспром“ мораа на крајот на декември да заклучат нов транзитен договор со Украина, и со тоа на пет години за ги резервира значајните транспортни капацитети, а притоа да прифати зголемување на транзитните такси и да го плати стариот долг од речиси три милијарди американски долари.

Сето тоа го разипало геостратешкиот план на Путин. Покрај тоа, уште еднаш се постави прашањето за смислата на „Турскиот тек“. Дали на „Гаспром“ и Русија во новонастаната ситуација навистина им е потребен тој гасовод, особено ваков, преполовен?, се прашуваат од „Дојче веле“.

Бидејќи, првобитниот план бил тој да се состои од четири паралелни цевки. Пред нешто повеќе од пет години тој проект се викаше „Јужен тек“. По таа траса гасот од Русија требаше, преку Црното Море, да биде пренесен во Бугарија, односно директно во Европската Унија. Но договорите постигнати со Софија не беа во склад со правилата на ЕУ, а имаше и премногу притисок од Брисел и Вашингтон.

Наместо да преговара и да бара решенија, Владимир Путин по кратка постапка го прекина проектот, и во декември 2014 година, по состанокот со Ердоган во Анкара, најави дека четири цевки ќе бидат пренасочени во Турција и дека Европа во иднина со гас ќе се снабдува од таму.

Набрзо потоа, Ердоган се откажа од четирите цевки, важен му беше само оној крак кон западна Турција. На крајот, постигнат е договор за само две цевки. Преполовениот капацитет најверојатно претставува смртен удар за исплатливоста на „Турскиот тек“, проект чии трошоци руската страна официјално ги проценува на огромни седум милијарди долари, пишува „Дојче веле“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот