Кој открил како циркулира крвта во нашите тела?

pixabay

Во 1628 година, британскиот лекар Вилијам Харви создал сензација објавувајќи радикално ново гледиште за тоа како телото ја користи крвта. До тогаш, лекарите се „потпирале“ на учења кои датирале уште од пред 1.300 години, кога грчкиот лекар Гален тврдел дека крвта ја создава црниот дроб.

Спротивно на тоа, Харви тврди дека количината на крв е фиксирана и постојано циркулирала низ телото, освежувајќи се со самото минување низ белите дробови и другите органи.

Револуционерното гледиште на Харви имплицирало дека снабдувањето со крв е ограничено, што фрла сериозен сомнеж во широко користените практики како што е „дарување крв“. И покрај острите критики, тврдењата на Харви биле потврдени и денес тој се смета за еден од основачите на модерната медицина.

Но, историчарите оттогаш открија дека револуционерните идеи на Харви за циркулацијата на крвта веќе биле откриени 400 години порано.

Арапскиот лекар од 13 век Ибн ал-Нафис покажал дека конструкцијата на срцето е во спротивност со тврдењата на Гален истакнувајќи дека мора да има мали крвни садови што овозможуваат циркулација на крв, сега наречени капилари.

Постоењето на капиларите било потврдено во 17 век. За жал за ал-Нафис, и безброј пациенти, неговото пионерско дело останало непознато во Западна Европа се до почетокот на 20 век.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот