Кој од Македонија ќе присуствува на Молитвениот појадок кај Трамп?

Годинава на покана на Доналд Трамп македонски политичари и градоначланици ќе земат учество на овој настан.

Настанот кој обединува повеќе светски лидери, претставници на бизнис секторот, верски водачи и истакнати личности, кои зборуваат на политички и социјални теми, за кој со години наназад пишуваат светските медиуми е Молитвениот појадок, кој го организира претседателот на САД.

Годинава на покана на Доналд Трамп македонски политичари и градоначланици ќе земат учество на овој настан.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев на својот Фејсбук профил го најави учеството за овој настан со децениска историја. Покрај билатералните средби со конгресмени и сенатори, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски заедно со прeтседателот на Комисијата за надворешна политика во Собранието, Антонио Милошоски, се поканети на Мoлитвениот појадок.

Молитвениот појадок претставува најпрестижен политички настан во САД на кој доаѓаат врвни политичари од САД и целиот свет.

Исто така, свое присуство во Вашигтон, кај екстравагантиот претседател Трамп, ќе земе и Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, кој е претседател на Групата за пријателство помеѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави.

Молитвениот појадок се одржува уште од 1953 година секој прв четврток во месец февруари. Идејата е на Абрахам Вереида, методист од норвешко потекло.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот