Кој нема работа да не влегува во Кривичен суд: Коронавирусот засега не ги одлага судењата

Од вчера во Основниот суд Скопје 1 воведени се поригорозни хигиенски мерки, не само за вработените во судот, туку и за странките кои влегуваат во овој објект.

Заради превенција од ширење на коронавирусот и заштита на странките кои се должни да присуствуваат на расправите во судот, јавноста доследно да ги почитува препораките на Владата на Македонија и на Министерството за правда и доколку не е неопходно да не влегуваат во судот.

Надлежниот судија или судечкиот совет, зависно од просторните услови во судницата и однесувањето на присутните, може согласно законските одредби да го ограничи бројот на присутна јавност во судницата. За секое непочитување на препораките судот ќе покрене соодветна постапка согласно членовите 205 и 206 од Кривичниот закон на Македонија, стои во соопштението кое на неколку локации, меѓу нив и на влезот на Кривичниот суд во Скопје се известува јавноста за личната заштита и спречување на можното ширење на коронавирусот меѓу присутните во судот.

Од вчера во Основниот суд Скопје 1 воведени се поригорозни хигиенски мерки, не само за вработените во судот, туку и за странките кои влегуваат во овој објект. Задолжителна е дезинфекција на рацете за сите лица кои влегуваат во објектот, а судската полиција со маски на лицето и заштитни ракавици ги прегледува сите странки. Засега за медиумите и за претставниците на невладините организации кои ја следат работата на овој суд не е воведена забрана за присуство, согласно вчерашната препорака која ја даде министерката за правда, Рената Дескоска. Токму Дескоска вчера изјави дека сите препораки кои досега се упатени до сите државни органи и други институции важат и за судовите.

– Во однос на режимот на работа, судовите и понатаму остануваат во групата на сите останати државни институции – министерства, фондови, управи и други државни институции кои продолжуваат со работа со преземање на сите мерки за претпазливост за заштита од вирусот – посочи таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот