Кој не носи маска ќе копа гробови, вака Индонезија ги казнува непослушните (ГАЛЕРИЈА)

16 септември 2020 / Џакарта, Индонезија / Фотo: Профимедиа

Жителите во Индонезија кои не носат заштитни маски на лице се соочуваат со казна во вид на копање гробови за починатите од ковид-19, а веќе испливаа фотографии од „непослушните“ кои вчера ја обавуваа казната на гробиштата Понгок Рангон во Џакарта. 

16 септември 2020 / Џакарта, Индонезија / Фотo: Профимедиа
16 септември 2020 / Џакарта, Индонезија / Фотo: Профимедиа

Локалните власти оваа казнена мерка ја воведоа за да го принудат населението во поголема мера да придонесат за спречување на ширењето на пандемијата од ковид-19, а на 9. септември таа им е изречена на тројца средовечни мажи и петмина малолетници.

16 септември 2020 / Џакарта, Индонезија / Фотo: Профимедиа

Како што наведува Си Ен Ен, алтернативата на овој вид казнување со „општокорисна работа“ е плаќање на парична казна во противвредност од 10 долари.

16 септември 2020 / Џакарта, Индонезија / Фотo: Профимедиа

Иако носењето маски на јавни места е задолжително ширум Индонезија, дел од населението остро се противи и не го почитува тоа правило, како ни обврската за одржување на физичка дистанца, а централните власти одредувањето на казните за тие прекршоци им го препуштија на локалните органи.

16 септември 2020 / Џакарта, Индонезија / Фотo: Профимедиа

Во Индонезија вкупно се регистрирани речиси 230.000 случаи на ковид-19, од кој во таа земја починаа најмалку 9.100 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот