Кој не е вакциниран или нема ПЦР тест не може да си го искористи ваучерот за Грција

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Масовната и брза вакцинација во нашата земја, ќе биде пресудна за тоа кој прв ќе се „распостели“ на некоја од лежалките на Егејското море.

Во агенциите велат дека граѓаните веќе се јавуваат да ги потврдат уплатените аранжмани, иако стравуваат дали ќе се имунизираат до почетокот на летната сезона. Добрата вест е што лани уплатените ваучери ќе може да се искористат до крајот на оваа година и има можност да се фати одморот во септември. Од друга страна, оние граѓани, кои не сакаат да се вакцинираат и да вадат ПЦР тестови, ќе немаат можност за замена за друга дестинација и ќе треба да чекаат на поврат на средствата, но дури од јануари идната година. Копиите од сите издадени лански ваучери за одмор во странство, се архивирани и во Министерството за економија.

-Речиси стопроценти од издадените лански ваучери се за Грција, а граѓаните внимателно ги следат информациите од тамошните власти. Нашите закупи се сигурни, ние сме во постојана комуникација со партнерите, бидејќи уплатите ни стојат уште од 2019 и почетокот на 2020 година. Сите се надеваме дека оваа летна сезона ќе биде далеку поуспешна од лани и покрај строгите здравствени протоколи, па затоа очекуваме од Министерството за здравство да дозволи туристичките работници да имаат приоритет за вакцинирање- велат за „Слободен печат“ од туристичката агенција „Игуана“.

Грчкиот министер за туризам Харис Теохарис, пред тамошните пратеници потврди дека ќе ги отворат сите копнени граници на 14 мај, вклучително и за македонските туристи.

Според проценките меѓу 2 и 3 милиони евра, уплатени средства за аранжмани, се врзани во ваучери, најчесто во Грција. Лани биле издадени 12.850 ваучери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот