‘‘КОЈ ЛАЖЕ БЕ?!… А БЕ, СИТЕ БЕ!…‘‘

ОРСОН СКОТ рекол ‘‘ кога свињите би имале право да гласаат, секогаш би победувал тој што во раката држи помија, без оглед на тоа колкав колеж направил врз нив‘‘! Ех, па свиња си е свиња нели, не е салонско кученце, па си викам,… ‘‘да бе, дасибе векот!

Него, ме фрли у една мисла која не е далеку од разумот ако се земе предвид дека преживуваме една стварност која по својата специфичност е фрапантна, а тоа е тоталната дисквалификација на личности безкрупуозно и брутално. Пекол во кој ако некој ти пушти ‘‘ зврчка‘‘ у медиуми, си наебал ко жути мрав. Остај што тебе ке те направи резил пред народ, него има да го јаде цела фамилија ако треба, жена, деца, баба, прабаба, само да се покаже дека ти си тој ‘‘Црни Петко‘‘ поради кој Македонија е таква каква што е. Затоа, пред да продолжам со колумната ке ги предитрам сите оние хејтери што за мене викаат дека сум ( да простите ве молам) ‘‘ к*рац од овце‘‘ колумнист и аналитичар и ке им речам онака со пуна уста… И ЈА ВАМ  …ата !

И НИЕ ТЕБЕ ДЕ!…. ( слушам ‘‘из далека‘‘)!

Да се биде денес новинар од респекат, треба да има две страни. Една се конзументите кои ти веруваат, а другата си ти кој треба беспоштедно да си го чуваш имиџот на чесен, реален и доследен новинар. Арно ама тука има еден страшен зајеб. Како да го направиш тоа у ова наша држава а да си го сочуваш газот од разни предатори кои ти се од спротивната страна на лаптопот. Сведоци сме на јавен сервис олицетворен во информативно се и сешто кој максимално си игра дрндупка со стварноста, а со тоа со јавното мнение,… ( а со тоа и со безбедноста на државата)!

Дај бе не треси! Биди озбилен!

Да, даа! Поозбилен здравје! Ајде вака. Еден од моделите на специјалната војна е ширењето лажни информации, создавање конфузија и дезинформираност. Но, тоа е во случај на војна. Ние немаме војна! Или имаме! Треба ли пушка за да утепаш човек? Што би рекол Вуди Ален,… едно е да утепаш човек, а друго е да го усмртиш! Колкумина се во Македонија ‘‘утепани‘‘! Земи дигитронот! Вака нема да можеш да ги изброиш ти гарантирам. А, ако земеме во предвид дека и самата борба меѓу позицијата и опозицијата е своевидна ‘‘војна‘‘, ајде да го гледаме целиот проблем од еден специфицен агол.

Бог да чува што ли ке треснеш сега!…

Ајде вака. Во денешно време секој бели мајмун смета дека е новинар. Јас за себе не сметам. Секој бели мајмун кој има било каков ќар од политика тера своја информација и анализа. Секој бели мајмун смета дека е фактор само затоа што на Фејсбук има 1000 лајкови коа ке тресне дека ‘‘само он знае‘‘ од проверени кругови дека  Катица Јанева у телефонот ( парафразирам, тресам) има слика со ‘‘кече’’ на глава и чипкани црни танги! Лагите за да се биде ексклузивен, читан, ‘‘лајкуван‘‘ се мултиплицирано опасни во нашата стварност затоа што за жал, имаш премногу ‘‘СОМОВИ‘‘ кои таа лага има да ти ја голтнат одма и да ја просипаат наоколу! Дали треба да анализираме колку е опасно кога ке пукне бомба сред самопослуга кога некој ке рече ‘‘Прееска прочитав дека на граница со Косово е фатен нуклеарен отпад‘‘!!! Алооо, иди објасни му на оној што пие пиво пред самопослуга што е тоа СПИН! Го заболе него флашата за ‘‘спин – мин‘‘! А пази, он е ГЛАСАЧКО ТЕЛО! И?… нема специјална војна во Македонија?!?! Па макар и внатрешна? Девеесет посто од бостанот во земјава смета дека војна е само ако некој дојде и те пороби од надвор и дека само партизаните се добри а Германците лоши! Ало бе! И РАЃАНСКАТА ВОЈНА Е ВОЈНА! Не треба Германци ебате беља. Кој разбрал, разбрал,.. кој не, негов проблем, ама дека специјалната војна ( на свој начин) гори во Македонија не може да ме разубеди ‘‘ни Папа Павле‘‘!

Ај ,.. ај биди по конкретен!

Сакаш! Ај! Ајде да видиме дали е тачно или не тачно, ако речеме дека во Макеонија немаме ни еден новинар кој за триесет години не сменил неколку дреса, не свиткал кичма, не просрал нешто против своја воља и убедување. Колку еминентни новинари кои со години се креатори на јавното мнение у последно време не добија диареа! Да не кажам сите!

Причината поради која нема да именувам е проста. Не сакам да забележувам никому ништо ако немам пред се – конкретни докази и артефакти. А јас, за разлика од нив нема да лажам народ. Ќе си пишувам онака анализи колку ми сече памет, а по принципот на ‘‘ форхенд и бекхенд‘‘ прво што ке се искоментира ке биде ‘‘да ти се мочам у акалот аналитички‘‘. Мочај се друже, тоа значи само дека имаш здрави бубрези, ама не и здрав АКАЛ!

А бе дај поента алооо!

Еве! Медиумите и новинарите кои се во диареична агонија да припазат со претерување и пласман на непроверени, лажни и бомбастични информации. Они не дека не се свесни за тоа, ама подзабораваат дека нивната диареа шири смрдеж по народ, кој е БАРУТ!

Ха, ха хааа…. ма иди бре!..

Иди,.. иди…. барут кој живее на тло наречено Балкан кој е БУРЕ!

А ти ако имаш грам интелигенција,.. спој ги тие два збора! ( ваљда) ИМАШ!

Толку бе?

Е, за тие пари… толко!

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот