Кој кого ќе учи да готви? Парис Хилтон со ново кулинарско шоу на „Нетфликс“
Парис Хилтон и „Нетфликс“ заедно влегуваат во кујната со надеж дека резултатот ќе биде вкусен, пренесува „CNN“.
Сепак, ниту една од страните не била во заблуда дека претстојното шоу „Готвење со Парис“ ќе прикажува „гурманска храна“. Всушност, тие навидум сметале дека тоа би било катастрофа во која едноставно мораш да гледаш, како нејзиното вирално видео за готвење од јануари 2020 година.
Опишано од „Нетфликс“ како „превртено традиционално шоу за готвење“, „Готвење со Парис“ ќе ѝ даде можност на Парис да ја покаже својата „многу нова задомаќинета страна и да нè пречека во нејзината кујна додека учи да пржи, да пече и да ренда“.
View this post on Instagram
„Таа не е обучен готвач и не се обидува да биде“, се вели во соопштението за медиумите. „Со помош на нејзините славни пријатели, таа се впушта во нови состојки, нови рецепти и егзотични кујнски апарати. Инспирирана од нејзиното вирално видео на „Јутјуб“, Парис ќе нè однесе од самопослуга до готовата трпеза и всушност може ѝ таа да ја изучи кујната.“
View this post on Instagram
Првата сезона со шест епизоди ќе има премиера на 4 август.