Кој ќе победи на Евровизија: Еве што велат обложувалниците

Евровизија, Фото: Twitter-принтскрин

Финалето на Евровизија е утре, а обложувалниците ги објавија коефициентите за победа на сите учесници. По две напнати полуфинални вечери и две рунди елиминации, 25 земји остануваат да се борат за победник на Евровизија 2022 година.

Обединетото Кралство, според букмејкерите, има шанса за прво место или да биде блиску до врвот. Историски гледано, Велика Британија не била популарна земја на Евровизија и редовно освојуваше нула гласови. Сепак, годинашниот претставник Сем Рајдер, кој се прослави на TikTok, е меѓу фаворитите во обложувалниците.

Најновите статистики за победник на Евровизија 2022 сугерираат дека Велика Британија има големи шанси за победа, но најголеми изгледи сепак има Украина. Поради руската инвазија врз Украина, Русија беше исфрлена од натпреварот, а Украина изби на фаворитската позиција.

ВИДЕО | Едноставна, а моќна: Андреа со одличен настап во Торино

Најновите шанси за победник во 2022 година:

Украина (bet365 – 13/3, Skybet – 2/7, PaddyPower – 3/10)
Обединето Кралство (bet365 – 6/1, Skybet – 13/2, PaddyPower – 6/1)
Шведска (bet365 – 7/1, Skybet – 7/1, PaddyPower – 7/1)
Италија (bet365 – 12/1, Skybet – 10/1, PaddyPower – 10/1)
Шпанија (bet365 – 16/1, Skybet – 14/1, PaddyPower – 18/1)

Ирска, Грузија, Кипар, Израел, Малта, Сан Марино, Македонија, Црна Гора, Албанија, Латвија, Словенија, Бугарија, Хрватска, Данска и Австрија беа елиминирани во полуфиналето.

ФОТО+ВИДЕО | Уметницата беше спектакуларна: Целата публика во Торино аплаудираше со Констракта

Еве ја целосната листа на земји кои добија пласман во финалето на Евровизија, по редослед на нивното појавување:

Чешка: We Are Domi – “Lights Off“
Романија: WRS – “Llámame“
Португалија: MARO – “Saudade, Saudade“
Финска: The Rasmus – “Jezebel“
Швајцарија: Marius Bear – “Boys Do Cry“
Франција: Alvan & Ahez – “Fulenn“
Норвешка: Subwoolfer – “Give That Wolf a Banana“
Ерменија: Rosa Linn – “Snap“
Италија: Mahmood & Blanco – “Brividi“
Шпанија: Chanel – “SloMo“
Холандија: S10 – “De Diepte“
Украина: Kalush Orchestra – “Stefania“
Германија: Malik Harris – “Rockstars“
Литванија: Monika Liu – “Sentimentai“
Азербеџан: Nadir Rustamli – “Fade to Black“
Белгија: Jérémie Makiese – “Miss You“
Грција: Amanda Georgiadi Tenfjord – “Die Together“
Исланд: Systur – “Með Hækkandi Sól“
Молдавија: Zdob şi Zdub & Advahov Brothers – “Trenulețul“
Шведска: Cornelia Jakobs – “Hold Me Closer“
Австралија: Sheldon Riley – “Not the Same“
Велика Британија: Sam Ryder – “SPACE MAN“
Полска: Ochman – “River“
Србија: Konstrakta – “In Corpore Sano“
Естонија: Stefan – “Hope“

Сите досегашни македонски претставници на Евровизија: „Proud“ нѐ направи горди, а цела Европа танцуваше на „Нинанајна“

Видео на денот