Кој ќе го одбие европскиот предлог, ќе ја изгуби европската поддршка, порача Лајчак од Приштина

Мирослав Лајчак / Фото: EPA-EFE/RICCARDO ANTIMIANI

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, вечерва од Приштина порача дека новиот предлог од европските земји за решавање на спорот меѓу Србија и Косово, е од клучно значење.

Лајчак предупреди дека страната што ќе го отфрли европскиот предлог ќе се соочи со губење на европската поддршка.

На прашањето што ќе се случи доколку едната страна го одбие предлогот, тој рече дека тогаш меѓународната заедница ќе ја намали поддршката за таа страна, но ќе ја зголеми за другата страна.

Засега нема најави за евентуална средба на Лајчак со премиерот на Косово Албин Курти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот