Кој ќе стигне прв до вакцина против корона? Трамп вели дека Американците ќе ја имаат до ноември!
Претседателот на САД, Донал Трамп изјавил дека постои можност вакцината против коронавирусот да биде готова околу 3-ти ноември, односно кога треба да бидат одржани претседателските избори.
Прашан за точен датум кога би можела да биде подготвена вакцината, Трамп рекол:
– Пред крајот на годината, а може да пристигне и многу порано…
Еден од новинарите го прашал дали тоа ќе биде пред 3-ти ноември, претседателот одговорил:
– Мислам дека тоа е можно во некои случаеви, но од прилика тоа време.
Изјавата на Трамп доаѓа по соопштението на Стејт департментот кој издвои 104 милиони долари за купување на шприцеви.
Оваа установа објаснила дека се одлучила за овој потег, со цел што е можно побрзо да се почне со вакцинација на жителите, односно кога Администрацијата за храна и лекови ќе ја одобри вакцината.
– Шприцевите и иглите се неопходни во стратегијата во борбата против корона вирусот, па за период од 12 месеци ќе бидат купени 500 милиони шприцеви, а до крајот на годината ќе бидат испорачани повеќе од 134 милиони – стои во објавата за медиумите.
Како што истакнува „Спутник“, американската влада дава на компаниите милијарди долари за милиони дози од експерименталната вакцина пред уште да биде покажано како делува и прави залихи за масовна дистрибуција. Тие се надеваат дека барем некоја од нив ќе биде безбедна и ефективна.
Според последните податоци, повеќе од 4,5 милиони луѓе се заразени со коронавирус во САД, додека преку 159.000 се починати.