КОЈ ЌЕ ЈА ЗАМЕНИ ТЕРЕЗА МЕЈ: Неколку политичари во жестока битка!

Фото: EPA

Тереза Меј по седми јуни повеќе нема да биде премиер на Велика Британија, а со тоа се отвора прашањето за нејзиниот наследник.

Веќе неколку политичари се доведуваа во врска со оваа поизиција, а барем засега најголем фавор е поранешноот шеф на дипоматијата во Велика Британија – Борис Џонсон.

Последен кандидат кој се прудружи во саботата во трката за наследник на Меј, е министерот за здравство Мет Хенкок.

Пред него таквата амбиција ја изразија поранешниот министер за надворешни работи Борси Џонсон, актуелниот шеф на дипломатијата Џереми Хант, секретарот за мешународен развој Рори Стјуарт и поранешната министерка за труд и пензиски систем Естер Меквеј.

Се проценува дека во трката за водство на земјата ќе се вклучат десетина кандидати. Министерот за трговија Лиам Фокс и поранешниот заменик министер за брегзит Стив Бејкер во саботата не ја отфрлија идејата дека и тие ќе се кандидираат.

Останува да видиме како ќе се развива оваа жестока битка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот