Кој ќе ја освои ЛШ: Аталанта со поголеми шанси од Барса и Реал!

twitter.com/ManCityUS

Според „Педи Пауер“ Манчестер сити (3/1) и Баерн Минхен (3/1) се најголемите фаворити за освојување на титулата во ЛШ.

После прекинот поради пандемијата со коронавирус, за четири дена ќе продолжат возбудувањата во Лигата на шампионите.

Светските обложувалници веќе ги одвојуваат екипите кои моментно имаат најголеми шанси да се искачат на европскиот трон.

Според „Педи Пауер“ Манчестер сити (3/1) и Баерн Минхен (3/1) се најголемите фаворити за освојување на титулата во ЛШ.

Хит изјава на Венгер: Послаби се од порано, но се фаворити во ЛШ

Следува ПСЖ (5/1), потоа досега можеби најголемото изненадување Аталанта (17/2) која имаше и одлична сезона во Серија А.

Зад неа е Барселона (8/1), потоа Атлетико Мадрид (9/1), Лајпциг (14/1), Јувентус, (18/1), Реал Мадрид (25/1), Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас (75/1), Лион (100/1), а најголем аутсајдер во натпреварувањето е Челси (250/1).

Лига на шампиони, 2019/20
(во заграда се резултатите од првите натпревари)

Петок, 7 август
Јувентус-Лион (0:1)
Манчестер сити-Реал Мадрид (2:1)

сабота, 8 август
Барселона-Наполи (1:1)
Баерн Минхен-Челси (3:0)

Во следната фаза веќе се пласирани Аталанта, Атлетико Мадрид, Лајпциг и ПСЖ.

Четвртфинале, 12/13/14/15 август
Реал Мадрид или Манчестер сити/Лион или Јувентус
Лајпциг-Атлетико Мадрид
Наполи или Барселона/Челси или Баерн Минхен
Аталанта-ПСЖ

Полуфинале, 18/19 август
Реал Мадрид-Манчестер сити или Лион-Јувентус против Наполи-Барселона или Челси-Баерн Минхен
Лајпциг или Атлетико Мадрид против Аталанта или ПСЖ.

ФИНАЛЕ, 23 август (Стадион „Луж“ – Лисабон, Португалија)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот