Кој ќе игра против Италија: Англичаните за историско финале, Данците сонуваат реприза од 1992 година

epa09321375 Jordan Henderson (R) of England celebrates scoring the 4-0 lead during the UEFA EURO 2020 quarter final match between Ukraine and England in Rome, Italy, 03 July 2021. EPA-EFE/Alessandro Garafallo / POOL (RESTRICTIONS: For editorial news reporting purposes only. Images must appear as still images and must not emulate match action video footage. Photographs published in online publications shall have an interval of at least 20 seconds between the posting.)

Противникот на Италија во финалето на Евро 2020 ќе биде познат вечерва по одигрување на второто полуфинале во кое ќе се сретнат Англија и Данска.

Селекцијата на Италија вечерва ќе го дознае противникот во финалето на ЕП, на „Вембли“ од 21 часот се среќаваат Англија и Данска која е најпријатно изненадување на првенството.
Овој натпревар за Англија ќе биде историски бидејќи ќе има шанса за прв пат да се пласира во финалето на континеталниот собир. Последен пат во полуфиналето, Англичаните играа 1996 година исто така на домашен терен на „Вембли“ но загубија од Германија по пенал рулетот.
Трагичар на тој натпревар беше актуелниот селектор Гарет Саутгејт, кој сега ќе има можност да го оствари најголемиот успех во кариерата.
– Имаме историска шанса бидејќи никогаш не сме играле во финале на Европско првенство. Нема притисок за фудбалерите, пред нив е уште едно искушение. Данска е добра екипа и не очекува фантастичен натпревар – смета Саутгејт.

EPA-EFE/Alessandro Garafallo

Еден од адутите на Англија е цврстата одбрана, „Гордиот Албион“ сè уште нема примено гол на ЕП, а во нападот блескаат Хари Кејн и Рахим Стерлинг кои постигнаа по три гола.
– Данска е одлична екипа, игравме против нив во Лигата на нации минатата година. Мора да се фокусираме на нашата игра, играме на домашен терен и оваа шанса мора да ја искористиме. Знаеме дека е потребно да одиграме фантастично за да се пласираме во финалето – порача Кејн.

Англија ќе има предност на трибините, на „Вембли“ се очекува да има околу 60.000 англиски навивачи бидејќи Владата како дел од мерките за борба против пандемијата на коронавирусот забрани доаѓање на навивачи од странство.
– Чувството е како да играме натпревар на гости, сепак и тоа има некој свој шмек. Се радувае на натпреварот со Англија, среќни сме што ќе има навивачи на „Вембли“ иако би сакал на трибините да има и наши навивачи. Ќе се обидеме да ги замолчиме навивачите, но ќе биде тешко – вели селекторот на Данска, Каспер Хјумланд.

EPA-EFE/Dan Mullan

Данска сигурно не е поголема фудбалска нација од Англија, но има поголем резултат на Европските првенства. Додега Англичаните сонуваат европска титула, Данска триумфира во 1992 година кога на турнирот влета како замена за поранешната СФР Југославија. Фудбалерите се надеваат дека ќе успеат да го повторат овој успех и ќе го замолкнат „Вембли“.
– Пред почетокот на ЕП целта ни беше да дојдеме до „Вембли“, а тоа е самата завршница. Оттогаш се случија многу работи, но целта ни остана иста. Подготвени сме за полуфиналето, чувството е неверојатно – порачува репрезентативецот на Данска, Томас Дилејни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот