Кој ќе го запре Надал, „прегазен“ Федерер! (ВИДЕО)

За Надал ова ќе биде 12 финале на Отвореното првенство на Франција и ќе се бори за трофејот против победникот од втората полуфинална пресметка Новак Ѓоковиќ-Доминик Тим.

Лошите услови и силниот ветар влијаеја на играта на двајцата великани, но не ги спречија со своите одлични потези да ја кренат публиката на нозе.

Федерер останува и натаму во едно од најголемите ривалства во историјата на тенисот без победа над Шпанецот на париската земја.

Швајцарецот беше целосно немоќен во 39 меѓусебен дуел, а Рафа го забележа вкупно 24. триумф.

Воедно Надал го одбрани и второто место на АТП ранг листата, бидејќи со триумф Федерер ќе се најдеше на неговата позиција од наредната недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот