Кој ќе го замени Сити во Лигата на шампионите? (ФОТО)

фото:твитер

Голема борба ќе се води во Премиер лигата, досега изненадување е Шефилд, а можно е „граѓаните“ да бидат во загуба од 200 милиони евра.

Веста дека УЕФА го исфрли Манчестер сити од Лигата на шампионите (и Лига Европа) го изненади фудбалскиот свет, но и донесе големо прашање.

Кој ќе го пополни местото на „граѓаните“ во елитното фудбалско натпреварување наредната натпреварувачка сезона? Веќе е јасно дека актуелниот шампион на Англија ќе биде во Топ 4 сезонава во Премиер лигата, моментно е на втората позиција, па затоа и мораат да се погледнат правилата.

Според правилникот на ЛШ – 4.08, Сити ќе биде заменет од клубот под местото кое води од англиската лига, што значи петтопласираниот.

На таа позиција во овој момент е најголемото изненадување оваа сезона, Шефилд јунајтед, но конкуренцијата е голема и се очекува борба до самиот крај за излез во Европа.

Веднаш зад Шефилд е Тотенхем со два бода помалку, Вулверхемптон и Евертон со три, Манчестер јунајтед со четири, што гарантира дека ќе гледаме интересна трка, а веќе е познато дека Ливерпул со огромни чекори атакува кон шампионската титула.

Дури и Сити да ја освои титулата сезонава во ЛШ нема да обезбеди пласман во ова натпреварување, но ќе видиме како ќе реагира Спортскиот арбитражен суд во Лозана (ЦАС) на жалбата.

принтскрин/premier league

Исто така Англичаните пресметаа дека Сити со ваквата забрана од Европската куќа на фудбалот ќе загуби 200 милиони евра, покрај тоа што треба да плати и дополнителни 30 милиони како казна.

Кога ќе се додаде и дека клубот од „Етихад“ првично плати 60 милиони поради кршење на „Финансискиот фер плеј“, доаѓаме до огромни бројки. Премногу дури и за богатите шеици од Емиратите и сопствениците на Манчестер сити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот