Кој ќе го замени Ибра: Милан со две желби во зимскиот преоден рок!

Фото: facebook.com/ACMilan

Нема сомнение дека кој и да игра во Милан, Златан Ибрахимовиќ оваа сезона ќе биде прв напаѓач на „росонерите“.

Но, воедно тренерот Пиоли ќе мора да најде замена за Швеѓанецот во моментите кога тимот има доволна предност на теренот или во некои помалку важни натпревари за кои клубот смета дека се такви.

Како што информираат италијанскит медиуми, две имиња се шпекулираат кои би ја чекале нивната шанса во нападот.

Лука Јовиќ од Реал Мадрид и Донел Мален се желбите за зимскиот преоден рок 2021. Српскиот играч Јовиќ не е опција во „кралската“ екипа поради одличните перформанси на Бензема.

Мален во холандскиот ПСВ покажа дека е напаѓач за големи дела. Сезонава има осум голови на 13 мечеви, а за трансфер дефинитивно би помогнал неговиот агент Мино Рајола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот