Кој ќе го смени Моралес на претседателската функција во Боливија?

Фото: EPA-EFE/STR

По оставката на боливискиот претседател Ево Моралес и оставките на голем дел од членовите на неговиот кабинет, функцијата претседател привремено ќе ја врши Жанин Ањез Чавез.

Чавез досега била втора потпретседателка на Сенатот, а на местото претсетдателка на државата ќе остане до распишување на новите избори.

Жанин Ањез Чавез (52) дипломирала право и работела како адвокат.

Омажена е за колумбискиот политичар Хектор Карвахал, а во 2010 година ја преземала функцијата сенатор во североистичниот регион Бени.

Чавез е позната како непоколеблив противник на Ево Моралес.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот