КОЈ ЌЕ ГИ ПРИМИ БОРЦИТЕ НА ИД: САД на Ирак му предава 50 борци на Исламска држава

Фото: Профимедиа

САД ќе им предадат на ирачките власти околу 50 членови од терористичката Исламска држава кои во претходните денови беа префрлени од Сирија, изјавија денеска двајца неименувани ирачки разузнавачки функционери, пренесува Танјуг.

Тие велат дека се очекува припадниците на ИД да бидат предадени до утре.

Одлуката доаѓа откако Турција почна воена офанзива во северна Сирија против курдските борци од редовите на Сириските демократски сили, кои во заробеништво држат над 10.000 припадници на ИД. Меѓу нив има околу 2.000 странци, вклучувајќи и околу 800 Европејци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот