Кој ќе добие „метла“ од вториот ешалон на ДУИ?

Продолжуваат прегворите за смени во вториот ешалон. Минатата недела, премиерот Зоран Заев изјави дека на следниот владин состанок ќе бидат донесени првите одлуки.

Алсат информира дека неофицијално се дознава оти од редовите на ДУИ,  „метлата“ на Заев ќе ги опфати: Директорот на Бирото за јавни набавки Бардул Насуфи, директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Вулнет Адеми, директорот на Јавното претпријатије “Македонија пат“, Гајур Кадриу, директорката на Службата за заеднички работи на Клиничкиот центар, Шкодране Дарлишта, директорот на Јавното претпријатие “Македонски железници“, Ирфан Асани.

Во размена со горанаведените директори, Алсат неофицијално дознава дека ДУИ ги претендира Агенцијата за технолошки иновации, Пазарниот инспекторат, ЕЛЕМ, МЕПСО како и Дирекцијата за имотно-правни прашања.

Во рамки на измените ќе бидат опфатени и директори од комуналните јавни претпријатија и управувачките одбори.

Од ДУИ ниту ги потврдуваат или пак негираат имиња со кои се шпекулира, туку додаваат дека и натаму се е во фаза на преговори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот