Кој ќе биде идниот тренер на Баерн Минхен, едно име се издвојува на листата на желби

epa08620951 Bayern Munich's head coach Hansi Flick (C) lifts the trophy as his players celebrate after winning the UEFA Champions League final between Paris Saint-Germain and Bayern Munich in Lisbon, Portugal, 23 August 2020. Bayern Munich won 1-0. EPA-EFE/Matt Childs / POOL

Иако има пет кандидати на листата на желби, се чини дека само едно име е реална опција.

Ханси Флик јавно го објави тоа што се претпоставуваше, дека на крајот на сезоната ќе си замине од клупата на Баерн Минхен. Флик минатата ги освои сите можни трофеи, а оваа поради проблемите со повредите ќе освои само една, таа за шампион во Бундеслигата.
Причината за заминувањето е конфликтот со спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ во врска со преодниот рок и од лето најверојатно ќе биде нов селектор на Германија.

Флик до крајот на сезоната ќе го води Баерн Минхен

Германските медиуми очекувано веднаш објавија листа со потенцијални тренери кои треба да го наследат Флик и на неа има вкупно имиња.
Најголеми шанси, околу 50 проценти има Јулијан Нагелсман, младиот тренер кој прави чуда на клупата на Лајпциг. Нагелсман е желба и на англиските екипи, но се чини дека Баерн Минхен е во пол позиција. Салихамиџиќ веќе имал средва со Нагелсман, но не се познати деталите од разговорот.

Јулијан НагелсманEPA-EFE/DANIEL ROLAND / POOL DFL

Останатите четири желби на челниците на Баерн се помалку реални. Тие највеќе би сакале Јирген Клоп да седне на клупата следната сезона, но тоа е нереална мисија бидејќи Германецот е врзан со договор со Ливерпул. Според медиумите во Германија, шансите Клоп да биде новиот тренер се само 15 проценти.
Идентични шанси, односно 15 проценти има и Чаби Алонсо. Причината не е поради тоа што е под договор со Реал Сосиедад да го води вториот тим, туку бидејќи сè уште не е подготвен за клупата на еден од најголемите европски клубови.

Најмали шанси имаат Јоаким Лев и Масимилијано Алегри. Лев во Европското првенство ќе ја напушти селекторската функција и планира да се врати на клупскиот фудбал, но лошите односи со неколку фудбалери на Баерн, пред се со Томас Милер, се преголем ризик за челниците на екипата. Лев го отпиша Милер од репрезентацијата и поради, управата на клубот не сака раздор во соблекувалната. Згора на тоа, желбата на Лев е да работи во Шпанија или Англија.
Што се однесува со Алегри кој е најзвучното тренерско име без работа и на листата се наоѓа само поради тоа што е без клуб. Згора на тоа, желбата на Алегри е да работи во Англија или Италија.

Според медиумите, јасно е дека изборот на Баерн за наследник на Флик е Јулијан Нагелсман, а доколку не успеат да се договорат, тогаш ќе бараат друго решение. Исто така сигурно е дека тоа нема да биде неускусен тренер, посебно во ситуација кога имаат одличен тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот