Кој ќе биде главен ревизор, ќе се знае утре

Фото: МИА

Комисијата за прашања на изборите и именувањата за утре закажа седница на која треба да биде одлучено кој ќе биде главен ревизор. Собраниски извори потврдуваат дека е постигнат договор за тоа кој ќе биде државен главен ревизор, но официјално неговото име не се соопштува.

Работата на Државниот завод за ревизија речиси е блокирана поради тоа што оваа институција нема директор, а мандатот на вршителот на должноста истече на 4 овој месец.

За другите кадровски прашања кои исто така треба да го минат филтерот на Комисијата, пред да бидат ставени на дневен ред на собраниска седница, како што посочуваат пратеници, засега нема договор.

Станува збор за испразнетото директорско место во Дирекцијата за заштита на личните податоци, испразнетите места во комисиите за слободен пристап до информации од јавен карактер, комисијата за антидискриминација, АВМУ и други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот