Кој ќе биде европски лидер во НАТО: Берлин или Париз?

Франција и Германија се натпреварувале за европското раководство во НАТО во Брисел, за време на првиот состанок на министрите за надворешни работи на Алијансата.

Како што пишува агенцијата Хина, јавното преиспитување на природата на НАТО сојузот се случува пред самитот на Алијансата во Лондон, кој ќе биде одржан за две недели и на кој ќе биде одбележана 70-годишнината на организацијата.

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас, порача дека Европа не смее да биде одвоена од САД, па предложил генералниот секретар Јенс Столтенберг да формира комисија од експерти, кои би расправале за стратешки прашања.

Одвоено од тој предлог, францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ив Ле Дриан предложил основање на група, која би ја разгледувала иднината на НАТО, рекле два дипломати за Ројтерс.

Макрон во интервју за британски Економист на 7 ноември се заложи за поголема европска одбранбена интеграција за да може побрзо да се одговори на кризата блиску до европските граници, без НАТО или САД.

Макрон тогаш предупреди на недостаток на координираност помеѓу европските сојузници од една и САД и Турција од друга страна.

– Важно е што политичкото крило на НАТО е зајакнато, кажал Мас на новинарите при доаѓањето на состанокот на министри.

Ле Дриан не зборел јавно, но некои дипломати рекле дека табу прашањата очекувале да бидат поставени од Париз, како квалитетот на американското водство, земајќи ја во обѕир изјавата на Трамп дека НАТО застаре.

„Се работи за тоа кој би требал да биде природен лидер на Европа: Париз или Берлин, или можеби двете, како и за во кој правец се движи НАТО“, рекол еден високорангиран дипломат на НАТО за Ројтерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот