Кој ја продава Македонија!

Љубиша Николовски
Љубиша Николовски. / Фото: Слободен печат

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев излезе со предлог Бугарските власти конечно да ги објават имињата на сите Бугари во Македонија.
Според него има повеќе од 150.000 граѓани на Република Северна Македонија кои имаат бугарско државјанство или се во процес на добивање на такво државјанство.
Ова можеби во прв момент личи на закана дека овие наши, но и нивни сограѓани ќе бидат разоткриени пред нашата и нивната јавност, како граѓани кои со години живеат безбеден дволичен живот задскриен во документите на Бугарските власти.

Но од друга страна може да се смета и какао фер понуда од страна на бугарскиот европратеник за расчистување на мимикријата која двете страни ја практикуваа подолго време.

Барањето на Ковачев не е прво, но бугарските властите упорно не го објавуваат, иако тој список може да биде во нивен интерес за докажување на „бугарштината“ на Македонците!
Ова оттаму што овие граѓани своето бугарско потекло го докажауваат врз основа на декларација за бугарски идентитет засниван врз база на нивните чуства како етнички Бугари, со длабоко бугарско потекло на нивните родители, нивните баби и дедовци и нивните прабаби и прадедовци.

Одговорот на прашањето зошто бугарската држва не го објавува овој список можеби лежи во делот на изјавата на Ковачев во која вели дека меѓу нив има и многу:
„поранешни и сегашни политичари, поранешни премиери, поранешни и актуелни министри, градоначалници, пратеници од претходните и сегашниот состав на Собранието, членови на раководството на двете најголеми партии, дипломати, бизнисмени, водечки новинари, универзитетски професори, нивните семејства…“

Ако е така тогаш тие моќни личности од нашиот политички, научен и бизнис естаблишмент ќе направат с’е нивните имиња да не се дознаат, а бугарските власти ќе ги штитат сесрдно, затоа што таквите личности инкорпорирани длабоко во македонското општество ќе им требаат и сега и уште повеќе во иднина.

Значи иницијативата на Ковачев, ниту сега нема да биде проследена со позитивен одговор од страна на бугарското Собрание и нашите бугарски граѓани можат мирно да спијат.

Она што европратеникот Ковачев се чини особено го поттикнало овој пат да реагира, е можеби сознанието дека многумина од лицата кои тој очигледно ги знае „гласаа против Договорот за пријателство со Бугарија!“.

Оттаму иницијативата на Ковачев може да биде „тренди“ кај нас и сега од аспект на политичко- патриотска разврска, кој е кој во државава, кој ги штити македонските национални интереси а кој бугарските, осоебно во предизборието во кое веќе се наоѓаме.

Интересна од овој бугарско-македонски контескт е на леснотија на прифаќањето на „чужбоста“ кога е тоа лично и под заштита на тајноста на постапката. Но кога е ситуација за јавно себе- декларирање и за критика на „другите“ тоа мора да биде многу гласно, јавно, и обвинувачки. Баш би сакал да знам каков е ставот на „сичките“ овие „патриоти“ за Гоцета? Чиј е Гоце? Веројатно за нив е лесно да викаат и наш и „наш“.

Дел од овие лица „Бугари-апликанти“можеби се заведени од страна на бугарската пропаганда, или свесно од лукративни причини се прифатиле кон бугарштината заради добивање бугарски пасош, но и едните и другите се одродиле од македонското етничко ткиво.
Штетата несвесно или свесно е направена. Трагите од нивните изјави ќе останат вечно запишани во бугарските тефтери кои ќе бидат поткрепа на доказите за бугарскто потекло на македонскиот народ. Овие граѓани веќе се откажале од македонската историја, од своите родители и предци.

Залудна е тогаш битката за докажување на потеклото на Гоце Делчев. За нив тој одамна е Бугарин. или им е сеедно!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот