Кој ја држи контролата над земјоделско земјиште во светот

epa-efe
Фото: EPA

 Еден процент од земјоделските стопанства во светот обработуваат 70 проценти од полињата, фармите и овоштарниците, покажува извештај што го потенцира влијанието на нееднаквоста во однос на земјиштето врз климатските и природните кризи, пишува „Гардијан”.

Од 80-тите години на минатиот век, истражувачите откриле дека контролата на земјиштето станала многу поконцентрирана, директно преку сопственост и индиректно преку договорно земјоделство, што доведува до поразурнувачки монокултури и помалку внимателно поддржувани мали фарми.

Земајќи ја за првпат зголемената вредност на имотот и растот на населението без земја, извештајот проценува дека нееднаквоста во однос на земјиштето е за 41 процент поголема отколку што се сметаше порано.

Авторите велат дека овој тренд е предизвикан од краткорочни финансиски инструменти кои сè повеќе ја обликуваат глобалната животна средина и здравјето на луѓето.

– Во минатото, овие инструменти влијаеја само на пазарите. Тие не влијаеја на нас индивидуално. Но, сега тие го допираат секој аспект од нашите животи, бидејќи се поврзани со еколошката криза и пандемијата, рече Ворд Ансеју, виш технички специјалист во Меѓународната коалиција за Земјата која ја иницираше студијата заедно со група партнери, вклучувајќи ги Оксфам и Светската лабораторија за нееднаквост.

Студијата, објавена денеска, се заснова на 17 нови научни статии, како и анализа на постојните податоци и литература.

Во неа се вели дека претходните пресметки на нееднаквоста во однос на земјиштето се засновале единствено на сопственоста и големината на одделните фарми. Врз основа на тоа, нееднаквоста во однос на земјиштето се намалувала сè до 80-тите години на минатиот век, по што се зголемила.

Овој тренд е поизразен во новата методологија, која зема предвид дополнителни фактори, како што се повеќекратната сопственост, квалитетот и вредноста на земјиштето и бројот на луѓе кои не поседуваат земјиште.

Немањето земјиште е најниско во Кина и Виетнам, а највисоко во Латинска Америка, каде што најсиромашните 50 проценти од луѓето поседуваат само еден процент од земјиштето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот