Кој има, ќе има уште повеќе и во време на криза: Богатството на светските милијардери се зголеми на 10,2 билиони долари

Вкупното богатство на светските милијардери за време на пандемијата на ковид-19 се зголеми на 10,2 билиони долари. Како што е наведено во извештајот на швајцарската УБС банка, од почеток на на кризата што ја предизвика коронавирусот, богатството на светските милијардери се зголемило за 27,5 отсто, во период кога милиони луѓе останаа без работа.

До пораст на нивното богатство дошло, пред се, поради берзанските движења за време на пандемијата што биле на најниско ниво во текот на глобалните карантински мерки во март и во април.

УБС соопшти дека богатството на милијардерите достигнало нов максимум, надминувајќи го претходниот рекорд од 8,9 билиони долари од крајот на 2017 година. И бројот на милијардерите, исто така, достигна нов максимум, сега се 2.189, а во 2017 година биле 2.158.

Јозеф Стадлер, шеф на одделот за глобална семејна канцеларија на УБС, смета дека милијардерите уште повеќе профитирале од кризата, бидејќи купуваат повеќе акции од компании во момент кога економиите низ светот крахираат.

Вредноста на акциите во некои технолошки компании што се сопственост на милијардерите, значително е зголемена во последните неколку месеци. Сопственикот на американската коропорација „Амазон“, Џеф Безос и натаму е најбогат човек на светот, а неговото богатство се проценува на 189 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот