Кој хороскопски знак е најдобар имитатор, а кој е крал на сарказмот?

Припадниците на водената група хороскопски знаци го користат хуморот за да можат да излезат на крај со нестабилните емоции, дури и кога срцето им се крши однатре.

На тој начин тие успеваат да ги разберат и преживеат сопствените разочарувања. Нивниот хумор не е само живописен, туку е и сочувствителен.

Тие внимаваат никого да не повредат со својата смисла за хумор. Се работи за Ракот, Рибите и Скорпијата.

Рак

Тие не се плашат да се шегуваат на своја сметка, бидејќи на тој начин, со помош на смеата, се чувствуваат утешено и згрижено. Ретко се саркастични, почесто се наивни, прават смешни гримаси, имитираат звуци, но и лесно можете да ги насмеете.

Скорпија

Овој знак е многу саркастичен, неговата смисла за хумор не им се допаѓа на сите, но не би било така кога би знаеле дека доаѓа од најчувствителниот дел од нив. Често користи сарказам за да се одбрани од напади, а притоа тоа го прави доста грубо.

Риби

Рибите се одлични имитатори и во својот хумор вклучуваат и измени на гласот, гримаси и движења. Многу се креативни, а нивниот мозок измислува нови шеги со „100 на час“. Нивната несигурност ја претвораат во смешка што ретко кој ја разбира, но барем нив им е полесно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот