Кој го придружува Помпео: Неговата понежна половина му е најголема поддршка

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Државниот секретар на САД Мајк Помпео кој денеска е во посета на земјава, на охридскиот аеродром слета во придружба на неговата сопруга Сузан. Таа е родена на 1 февруари 1965 година во Канзас и е втора сопруга на Помпео. Мајк и Сузан имаат 27-годишен син кој живее во Њујорк. Во брак стапиле во 1991 година.

Фото: Википедиа

Во својот професионален живот, Сузан работeла во банкарскиот сектор, а студирала комуникации. Сузан Помпео има големо влијание во политичката кариера на нејзиниот сопруг.  Таа била член на неговиот тим кога се кандидирал на изборите за Претставничкиот дом на 2010 година. Подоцна изјавува дека ужива во  кампањата, дури и се појавува во рекламен спот за кампањата под наслов „Чизмите на Сузан“. Сузан и понатаму продолжува да го поддржува сопругот на сцената и зад неа и да е негов најблизок соработник.

Иако можеби Сузан нема свои политички аспирации, таа e големa надеж за жените во политиката и го промовира женското републиканско движење во Канзас.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот