Кој го фати вака за глава Рамуш Харадинај? (ФОТО)

Тетова Сот

На церемонијата на Фондацијата на светско познатиот фудбалер со албанско потекло, Лорик Цана, беа фотографирани неколку специјални моменти на премиерот на Албанија, Еди Рама и на косовскиот премиер веќе во оставка, Рамуш Харадинај.

Еди Рама се одликува со креативноста и пораките како во сликите, во кои си ја удира неговата главата со главата на Харадинај, како да покаже дека двајцата се тврдоглави, пренесува Тетова Сот.

Меѓутоа, албанските и косовските медиуми, во последниот период не известуваат за многу добри односи на двата премиери, Харадинај и Рама. И самиот Харадинај, кој денеска отпатува за Хаг каде од Специјалниот суд е поканет во својство на осомничен, во едно интервју синоќа рече дека добил многу писма од колегите од регионот, но не и од Еди Рама.

– Добив многу писма од премиерите на регионот, но не и од Еди Рама. Од Албанија ми пишуваа претседателот Бериша, Мојсиу, претседателот Мета беше тука, и така натаму – изјавил Харадинај за Телевизијата Т7, пренесува Топ Чанел.

Тетова Сот
Тетова Сот
Тетова Сот

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот