Кој го дизајнираше „знамето на Грчев“?

Во саботата се навршија 24 години од усвојувањето на Законот за знамето на Македонија, односно од денот кога почна да се користи сегашното државно знаме, наместо старото со шеснаесеткракото сонце.

По тој повод, Македонската информативна агенција (МИА) во рубриката „Деновиве пред години“ објави текст во кој, освен описот на актуелното знаме и неговото усвојување во Собранието, беше наведено дека автор на идејниот цртеж, односно креатор на дизајнот за знамето е новинарот Спасе Шуплиноски, кој почина пред неколку години. На оваа информација, поточно дезинформација, реагираше архитектот Мирослав Грчев, еден од креаторите за кого најдиректно се врзува авторството на дизајнот на актуелното знаме.

Самиот Грчев не полага неприкосновено право на авторство – иако работел на изгледот на државниот симбол и лично му го предал цртежот на тогашниот претседател Киро Глигоров – ама смета дека е, благо речено, неточно, крајно несериозно и неодговорно такво право да му се припише на Шуплиноски.

Интересно е тоа што и самиот Шуплиноски, во неколку свои колумни наведува дека учествувал во креирањето на дизајнот на знамето, но дека сепак најголемиот дел од работата ја завршил токму Грчев. Оттаму зачудува тоа што државната агенција авторството за знамето така беспоговорно му го припишува на Шуплиноски. Од МИА објаснуваат дека текстовите во рубриката „Деновиве пред години“ се стари околу 20 години, па признаваат дека е голема веројатноста да постојат одредени грешки. Како оваа со авторството на дизајнот на државното знаме.

Прочитајте и...  МОФ: Голем дел од професорите воопшто не се ни запознаени како да работат со дигиталните платформи за предавање

Грешка на МИА

– Рубриката „Деновиве пред години“ е наш авторски производ и таму се користи материјал што е собиран низ годините. Во минатото, повремено биле правени измени и надополнувања, но јас можам да кажам дека се работи за рубрика стара 20 години, па затоа постои можност за грешки. Сè зависи од тоа кој и во кој период го пишувал текстот, а ако во целата оваа работа се додаде и политичката оптовареност во минатото, тогаш не треба воопшто да нè чуди делењето заслуги на поединци. Искрено, и јас не сум слушнал дека Шуплиноски е автор на знамето, туку дека тоа е Мирослав Грчев – вели Драган Антоновски, главен и одговорен уредник на МИА.

Новинарот Спасе Шуплиноски, во колумна за „Утрински весник“ (згасна пред две години), објаснува дека дизајнот на знамето му припаѓа на Грчев, но дека тој му ја дал идејата за жолто сонце и за 16 краци, кои подоцна биле намалени на осум. „Со намера одново да имаме 16-крако сонце на знамето, во печатницата на Благој Воинов ми изготвија круг со идеално 16-крако сонце. Него го пополнив наизменично со црвена и со жолта боја и, во занес, краците ги продолжив до крајот на листот хартија. Предлогот, со уште еден со шилести додатни зраци, му го упатив на претседателот Киро Глигоров. За него се фатил, како што самиот кажува, архитектот Мирослав Грчев. Тој ја подготви сегашнава апликација на компјутер, бидејќи мојот предлог беше само идеја, со обични училишни креди во боја. Беше објавено дека предлогот за знаме е на господин Грчев, но тој истиот ден реагирал од етички причини. Неговото негирање е објавено една недела подоцна, откако е донесено знамето. Соопштено е дека сегашново знаме нема автор, односно дека автор е народот, што е точно. Јас само помогнав да се осознае вистината“, напиша Шуплиновски.

Прочитајте и...  Експлозија на бомба во Авганистан, загинаа шест цивили

Ангажманот на Грчев

Во списанието „Македонски Хералд“, пак, архитектот Мирослав Грчев во 2011 година објаснува дека бил ангажиран од Владата на Република Македонија да направи студија со идејно графичко решение за ново државно знаме.

„Од првата фаза на студијата требаше да произлезат повеќе различни идејни решенија на знамето, од кои – во интеракција со нарачателот – ќе се избереше едно кое ќе биде прифатливо за сите политички актери во тоа време. Графичките решенија ги изработував во по еден примерок, како макети за презентација, во техника на колаж од сечена колорирана самолеплива фолија на хамер. Знамето го работев во композициски формат 1:2. Графичките решенија на државното знаме и државниот грб, изработени во еден примерок – како макети, му ги предадов на претседателот на државата Киро Глигоров во септември 1995 година, ден пред првично закажаната седница на Собранието на која тие требаше да се усвојуваат“, пишува Грчев.

Прочитајте и...  Ангеловска на тркалезна маса на СБ за поддршка на приватниот сектор во КОВИД-19

Знамето на Македонија било усвоено на 5 октомври 1995 година кога се сменило етничкото македонско знаме по контроверзен политички пат. Актуелното знаме е составено од црвена заднина на која има златно сонце, добиено од старото македонско знаме.

Прочитај повеќе

Мицкоски: Заврши времето на политичари елитисти, ние ќе ги засукаме ракавите и ќе ја обновиме Македонија

Слободен печат

Мендух Тачи: Македонците ќе бидат обврзани да прифатат дводомен парламент и не правам договор со ДУИ

Слободен печат

Најмалку две жртви при уривање на зграда во Лагос

Слободен печат

Мандатот на Еулекс продолжен за една година

Слободен печат

Заев: Имаме земја призната од светот, ВМРО-ДПМНЕ може да учи од нас што е патриотизам

Слободен печат

Експлозија на бомба во Авганистан, загинаа шест цивили

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Касами од Тетово: Во наредните четири години ќе се доближиме до ЕУ

Слободен печат

Шахпаска од Велес: На 15 јули одиме напред по патот на напредокот

Слободен печат

ЗНМ, ССНМ и СЕММ ги осудуваат законите упатени кон новинарката Милевска

Слободен печат

Заврши протестот во Нови Сад, во Белград засега мирни демонстрации

Слободен печат

Во карантин македонски државјани кои дошле од Авганистан, дел од нив позитивни на Ковид-19

Слободен печат

ТРАГЕДИЈА: 28-годишно момче се удави во езерото „Младост“

Слободен печат