Кој ги краде средствата за дезинфекција од зградите?

Масовно се крадат средствата за дезинфекција кои во обид да се спречи ширењето на вирусот ковид 19 беа поставувани во станбените згради. Дел од средствата беа обезбедени од скопските општини, но во акцијата за обезбедување хигиена учествуваа и општествено одговорни граѓани, кои сега се револтирани од постапките на соседите.

До редакцијата на „Слободен печат“ пристигнаа фотографии кои покажуваат ниска колективна одговорност кај дел од граѓаните.

М. Б. од скопската населба Капиштец вели дека самоиницијативно обезбедила средство за чистење, и го поставила на влезот во зградата, но била разочарана и лута кога видела дека за само еден ден, истото, како што вели таа, го снемало, по што им оставила порака на соседите.

– Срамота! Станарот кој го украл гелот за раце веднаш да го врати, на местото кај што беше, стои во пораката.

На останатите две фотографии јасно се гледа логото на Општина Кисела, каде што се обративме за став, во врска со поставувањето но и кражбите на дезинфициенците.

– Која е целта да си ги носите дома средствата за дезинфекција, ако со тоа дозволувате сите ваши соседи, со валкани раце да ја фатат влезната врата, која потоа и вие ќе ја фатите, па можно е короната дома да си ја однесете, стои во другата порака.

– Навистина сме изненадени од ваквите постапки на граѓаните. Средствата ги поставуваме за доброто на сите, и го остро го осудуваме крадењето, велат од Општина Кисела Вода.

Од таму додаваат дека сите граѓаните можат од понеделник до петок од 08:30 до 16:30 часот и сабота од 08:00 до 15:00 часот, телефонски на бројот 072 313 331, да се пријават за да им биде обезбедено средство за дезинфекција. Истото можат да го направат и преку електронска пошта: [email protected], каде што треба да остават точна адреса – улица и број, како и телефон за контакт.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот