КОЈ ГИ ЧУВА БОРЦИТЕ ОД ИСЛАМСКА ДРЖАВА? Над 10 затвори со милитанти останаа без надзор во Сирија

Фото: Профимедиа

Турската офанзива во Сирија остави најмалку 12 затвори со милитанти од Исламска држава без надзор, рече рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, предупредувајќи дека стотици од избеганите борци би можеле да се вратат во нивните родни земји, објави „Москва тајмс“.

Турција започна воена операција против Курдските борци на североистокот од Сирија претходно овој месец, откако американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече трупите на САД од регионот. Експертите предупредуваа дека турскиот напад би можел да биде шанса илјадници борци на ИД да избегаат од затворите кои беа надгледувани од Курдските сили.

– Осум кампови за бегалци и 12 затвори за борци од странство се оставени без надзор и стража како резултат на делувањето на турската армија. Ова би можело да предизвика наплив на терористи и таканаречена обратна миграција во нивната татковина – изјави Шојгу за ТАСС.

Зборувајќи на безбедносен форум во Пекинг, Шојгу рече дека Исламска држава „значајно го зголемила влијанието“ во Азија, вклучувајќи ги Индонезија, Малезија, Сингапур, Филипините и дел во Тајланд, по нивниот пораз во Сирија.

– Само пред неколку години, тероризмот не претставуваше сериозна закана за земјите во Азија и Пацификот – додал Шојгу.

Руските медиуми претходно објавија дека дузина руски жени се заробени во камп за поранешни борци на Исламска држава во северна Сирија и барале помош од Москва.

Во меѓувреме, Турција ги отфрли тврдењата дека нивната офанзива би можела да доведе до бегање на поранешните борци на ИД или враќање на џигадистичката група во Сирија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот