ВИДЕО| Кој е жртва? Позната манекенка смртно го избодела сопругот откако тој дома ја донел љубовницата

Instagram

На Лилија Судакова 26-годишна руска манекенка која ја красеше насловната страница на „Вог“ ѝ се закануваат 15 години затвор во Русија, откако беше обвинета за убиството на Сергеј Попов (28), кој флертувал со жена што ја донел дома од еден бар.

Instagram

Била „љубоморна“ и „огорчена“, а по кавгата дошло до физичка пресметка, па тој бил прободен во срцето, е наведено пред судот.

Лилија е позната манекенка, се појавила на насловната страница на руското издание на списанието „Вог“ и во списанијата во Италија, Кина и Јапонија. Манекенката исто така ги рекламирала и најпознатите руски брендови за облека.

Убиство од небрежност

Но, нејзината мајка Ирена Судакова (48) тврди дека манекенката – позната по нејзината природна црвена коса – била долгорочна жртва на семејно насилство и дека постапила во самоодбрана кога го прободела Попов.

По убодот, Лилија веднаш повикала брза помош и Попов бил пренесен во болницата каде што и починал. Таа признала дека со нож го прободела сопругот со кого била во брак четири години и првично им рекла на истражителите дека тоа било поради љубомора откако тој флертувал со друга жена.

Таа е обвинета за убиство од небрежност и е задржана два месеца во притвор.

Image

Кој е жртва?

Мајката на осомничената за весникот „Комсомолскаја правда“, изјавила дека пијаниот Попов донел дома жена што ја запознал во еден бар и очекувал Лилија да им готви.

Тој силно ја повлекол за косата и ја клоцал по нозете Лилија, рекла мајката, повикувајќи се на другиот сведок во станот. Попов се повлекол, но се вратил додека Лилија го сечкала зеленчукот за салатата.

Ја зграпчил за косата. Во тој момент таа мавтала и случајно го забила ножот во него – рекла нејзината мајка.

Наводно, манекенката на почетокот сметала дека раната е „само исеченица“, рекла таа.

Кога сведокот влегол (во кујната), видел што се случило. Ќерка ми се тресела. Лилија е жртва, тоа беше самоодбрана. Ова беше толку болна љубов. Сè било случајно, тоа е несреќен случај – раскажала Ирена Судакова.

Мајката рекла дека Попов повеќепати ја претепал Лилија кога бил пијан.

Instagram

Нејзиниот зет бил „паметен“, тој „маѓепсувал со својот ум“ и бил компјутерски генијалец, но тој бил „алкохоличар“ кој знаел да биде „арогантен сноб“ и таа била сведок кога тој ја тепал Лилија.

Ќерка ми беше сосема присебна – рекла мајката, тврдејќи дека законот во Русија не е наклонет кон жртвите на семејно насилство.

Пријателката на Лилија, стилистката Каролина Павловскаја, исто така рекла дека манекенката била жртва на насилство.

Таа беше скршена девојка со убав изглед, но однатре празна – рекла таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот