Кој е Вук Бориловиќ, повеќекратниот убиец во Цетиње

Фото : Вук Бориловиќ (34), лицето кое застрела 11 луѓе во Цетиње

Во поновата историја на Црна Гора, неколку пати биле извршени масовни убиства во кои биле убиени цели семејства, но никогаш како вчера во Цетиње. Во вчерашната престрелката загинаа вкупно 11 лица, меѓу кои две деца, а шест лица се повредени, потврдија во Управата на полицијата, јавува РТЦГ.

Според денешните извештаи во медиумите, до престрелката во Црна Гора стигнало кога вчера околу 16 часот, во близина на Владата, триесет и четири годишниот Вук Бориловиќ од Цетиње по кратка расправија со неговиот вујко започнал да пука од огнено оружје. По престрелката во која тој смртно рани неколку лица, Бориловиќ по некое време беше убиен од негов сограѓанин, соопшти надлежниот обвинител на Вишото државно обвинителство од Подгорица.

Претходно медиумите објавија дека Бориловиќ пак бил убиен од полицијата. Во престрелката исто така беше ранет и еден полицаец кој е погоден во главата.

ФОТО: Принтскирн -dan.co.me

Се дознава дека на трагедијата и претходел семеен конфликт. Социјалните мрежи пак тврдат дека се работи за прељуба, по што напаѓачот по случаен избор пукал во случајни минувачи на улица. Убиени се мештани, и деца кои живееле во непосредна близина на домот на сега починатиот Бориловиќ.

Во болницата во Цетиње медиумите информираат дека се уште се хоспитализирани две лица, додека четворица повредени од вчерашната пукотница се пренесени во Клиничкиот центар во Подгорица.

Од Ургентниот центар на КЦЦГ за ТВЦГ изјавија дека е примен маж со тешки повреди на главата и градниот кош. Засега тројца пациенти од она што јавуваат медиумите вчера морале итно да бидат пренесени во операционата сала а повредите им биле доста сериозни.

Директорката на Клиничкиот центар на Црна Гора, Љиљана Радуловиќ вечера за медиумите изјави дека по трагедија во Цетиње во таа установа се примени четворица повредени од кои тројца се во животна опасност.

Инаку за Вук Бориловиќ познавачите велат дека се многу изненадени од тоа што го направил. Велат дека претходно работел како келнер во националниот парк Ловќен, дека бил мирен сосед, без конфликти со полицијата или мештаните. Бил ловџија, каде вчера тој со ловечка карабина пукаше во луѓето. Во куќата имал многу оружје, додаваат медиумите во своите извештаи.

Вук Бориловиќ е роден на 21 ноември 1988 година во Цетиње. Основно училиште завршил во Цетиње, а средно образование во бродоинженерство во Белград. Бил оженет и татко на три деца.

По повод невидената трагедија во Цетиње, Владата од денес прогласи тридневна жалост во Црна Гора.

Црногорската полиција објави детали од трагичниот настан во Цетиње

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот