Кој е всушност принцот Филип? Од тешко детство, бројни скандали до влез во 100-та година од животот

profimedia

Изгубил многу членови на семејството, поминал низ бројни скандали, имал проблеми со парите и ги жртвувал работите што ги сакал – од неговата кариера до неговото презиме.

Принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета, имал интересен живот полн со подеми и падови.

Војводата од Единбург, британскиот принц и сопруг на кралицата Елизабета Втора, во јуни наполни 99 години. Познат е по својот шарм, тој сè уште ја има насмевка на лицето и покрај тоа што доживеал многу падови низ годините: изгубил многу членови на семејството, поминал низ бројни скандали, имал проблеми со парите и ги жртвувал работите што ги сакал – од неговата кариера до неговото презиме.

profimedia

Грчки корени и семејни проблеми

Филип е роден на грчкиот остров Крф во 1921 година, како единствен син на грчкиот принц Андреј и принцезата Алиса од Батенберг. Со оглед на тоа дека од мајчина страна е потомок на кралицата Викторија, и самиот Филип е во наследна низа за британскиот престол, а е трето „колено“ роднина на својата сопруга. И покрај „сината крв“ работите не оделе во неговиот живот баш најдобро. Набргу по раѓањето, вујкото на Филип, кралот Константин Први, бил присилен да се одрекне од престолот, а семејството морало да побегне во Франција. Како тоа да не било доволно, неговата мајка подоцна била одведена во психијатриска болница со дијагноза дека има шизофренија. Таткото на Филип се преселил и едвај ја одржувал врската со семејството.

Перспективен студент со кариера во морнарица

Во младоста Филип го опишувале како некој кој се прави важен и кој сè знае, но и како некој кој отсекогаш бил многу пристоен. Поради заштеда на пари посетувал училиште во Германија кое било во сопственост на негов далечен роднина. За жал, само неколку години подоцна, неговата сестра и нејзиното семејство, вклучувајќи ги и трите мали деца, загинале во авионска несреќа. Неговиот вујко и старател, Лорд Милфорд, починал од рак следната година. И покрај тоа, Филип дипломирал и се истакнал како најдобар стидент во групата. Станал еден од најмладите први офицери во Кралската морнарица.

Романса која завршила со брак

Во 1939 година, принцот Филип го привлекол вниманието на принцезата Елизабета. Филип и Елизабета со години си разменувале љубовни писма до 1946 година, кога Филип го замолил кралот за благослов да се ожени со Елизабета. Кралот на почетокот не одобрувал, зашто за кралските стандарди Филип се сметал за сиромашен. И не само тоа, Филип бил грчки принц, имал нацистички роднини, а и кралот го сметал за не многу интелигентен. Бидејќи многу била блиска со својот татко, Елизабета го убедила кралот Џорџ, но Филип морал да се откаже од кралските титули и да го земе презимето на својата мајка Монтбатен. На денот на свадбата наводно на банкарската сметка имал само 12 пени.

По смртта на кралот Џорџ, било објавено дека новата кралица нема да го земе презимето на својот сопруг и дека ќе продолжи да владее како Виндзор. Тоа многу го вознемирило војводата – „Не сум ништо друго туку амеба. Единствен човек сум во државата кој не смее да го даде името на сопствените деца“, рекол тогаш Филип. Но немал друг избор, а морал и да се одрекне од морнарската кариера.

profimedia

Скандали и наводни афери

Наводно проблемите во кралскиот брак започнале веќе за време на медениот месец во Шкотска, а принцот наводно имал неколку љубовници во текот на животот, но кралското семејство никогаш не дозволило деталите да дојдат до јавноста.

Освен по наводното неверство, Филип на јавноста и е познат и по невкусните коментари кои не прилегаат на еден принц. Така во една прилика на британските студенти кои оделе на студии во Кина им рекол да пробаат да станат косооки, а на едно момче на саемот за вселенски програми и ракети му рекол дека е предебел за да стане астронаут. Во друга прилика на еден тинејџер му рекол дека изгледа нездраво како во вената да се боде со хероин. Тоа се само некои од неговите бројни коментари во јавноста. Војводата е толку познат по своите „хумористични“ коментари, што во Велика Британија пред некоку години објавена е книга „Принц Филип – Мудри зборови и златни гафови“.

profimedia

Принцот Филип завршил 22.219 соло проекти за кралицата додека не се повлекол во 2017 година, на возраст од 96 години, и моментно е најстар машки член на кралското семејство. Иако е пензионер, и понатаму се појавува во јавноста заедно со кралицата на важни настани. Војводата сега има 99 години, а неговата нето вредност се проценува на околу 30 милиони долари. Иако нам на обичните смртници оваа сум ни се чини нереална, таа бројка кај неговата сопруга е многу поголема – околу 500 милиони долари, а нето вредноста на нивниот син Чарлс е околу 400 милиони долари.

profimedia

И покрај бројните скандали, афери и гафови, кралицата Елизабета Втора и Филип останале во брак и израснале четири деца, а за нивната љубов неретко се зборува дека ги победила сите неволји.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот