Кој е во право: Баба Перса или градоначалникот Наумовски? (ВИДЕО)

Премиерот вчера по пристигнувањето од самитот на НАТО во Лондон, беше во увид на градежни работи за изградба на спортска сала во основното училиште „Јоаким Крчовски“, во скопско Волково. 

На овој настан, премиерот учествуваше заедно со градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Наумовски и заменик-министерката за образование Елизабета Наумовска. Заев буквално беше „нападнат“ со критики од страна на Баба Перса, која без да се воздржи им укажа на премиерот и градоначалникот на Волково за работите кои ги ветиле, а не ги исполниле.
По ова, новинарот Фуркан Салиу ја зема Баба Перса со себе, со цел да побара од неа јавно да ги каже своите ставови, за неасфалтираните и улици полни со кал.

Кој лаже?Премиерот, градоначалникот или госпоѓа Перса? 🙂

Publiée par Furkan Saliu sur Jeudi 5 décembre 2019

 

По ова видео, Салиу, на својот Фејсбук профил објави и видео кое им го пратил градоначачникот на Волково, Александар Наумовски, како одговор на Баба Перса.

Поради ова, сега се поставува прашањето, кој е во право, дали баба Перса или градоначалникот Наумовски?

После објавеното видео, градоначалникот Александар Наумовски ни испрати видео со своја верзија на приказната…Секако, моравме да се вратиме во Волково за да ја потврдиме или негираме неговата верзија…Погледнете ја реакцијата на Баба Перса кога го виде видеото на градоначалникот на Ѓорче Петров

Publiée par Furkan Saliu sur Jeudi 5 décembre 2019

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот