Кој е виновен за бавната услуга во рестораните? НЕ СЕ КЕЛНЕРИТЕ!

Во прилично популарен ресторан во Њујорк гостите почнале да се жалат на брзината и на услугата во ресторанот. Менаџерите го зголемиле бројот на келнерите, го намалиле изборот во менито и максимално ги забрзале сите процедури за подготовка, сервирање и послужување. Сепак, гостите продолжиле да се жалат и тоа уште повеќе. Со истите жалби се соочувале сите ресторани во околината. Ресторанот решил да ангажира агенција за да им помогне да ја решат мистеријата. Во ресторанот повеќе од десет години функционира видеонадзор. Агенцијата ги побарала старите касети. Одлучиле да споредат две снимки од истиот период на годината – 1 јули 2008 и 3 јули 2018. Во двата дена ресторанот бил прилично полн. По прегледувањето на двете снимки дојдено е до следниве заклучоци…

Снимка од 2008 година
Гостите влегуваат, седнуваат на некоја од масите и веднаш им се носи мени. Во просек на гостите им биле потребни 8 минути за да одберат што сакаат да нарачаат. Келнерот се појавува скоро во истиот момент и ја прима нарачката.
Предјадењето е послужено во следните 6 минути, а за главниот оброк се чека малку повеќе, во зависност од порачката.
Од 45 гости двајца го вратиле послуженото.
Келнерите цело време внимаваат на своите маси за да можат брзо да реагираат во случај на гостинот да му затреба нешто.
Кога ќе завршат со јадењето, на гостите им се носи сметката и после 5 минути тие си одат.

Снимка од 2018 година
Гостите влегуваат во ресторанот, седнуваат и добиваат мени.
Пред да го отворат менито, го земаат својот мобилен телефон. Некои фотографираат додека други прават нешто друго на телефонот.
Седум од 45 гости веднаш го повикале келнерот. Му покажувале нешто на телефонот и го задржале во просек 5 минути. Келнерите објасниле дека гостите имале проблеми со конектирање на интернет на мрежата не ресторанот и ги замолиле да им помогнат.
Конечно келнерот приоѓа до масата да ја земе нарачката. Меѓутоа, повеќето од гостите сè уште не го имале ни отворено менито и го замолиле келнерот да почека уште малку.
Конечно се подготвени да нарачаат. Вкупното време откако седнале до преземањето на нарачката е 21 минута.
Послужувањето почнува по 6 минути, а за покомплексните нарачки е потребно малку повеќе време.
Од 45 гости, 26 во просек 3 минути ја фотографирале послужената храна, а 14 од 45 се сликале меѓусебе, со поставената маса или додека јаделе. Тоа трае во просек уште 4 минути бидејќи мора да ги видат сликите што ги направиле.
9 од 45 гости го вратиле јадењето да им се загрее, а 27 од 45 гости го замолиле келнерот да ги фотографира групно, но 14 ќе го замолат повторно да го направи тоа бидејќи фотографијата не им се допаднала.

Со оглед на тоа што постојано се зафатени со гледање во телефонот, на гостинот му се потребни во просек 20 минути да побара сметка од моментот кога ќе заврши со јадењето. Откако ќе им се донесе сметката, потребни им се дури 15 минути повеќе отколку пред 10 години за да платат.
8 од 45 гости се судриле со друг гостин или со келнерот затоа што гледале во телефонот додека влегувале или излегувале од ресторанот.
Просечното време од моментот кога влегле, до моментот кога го напуштаат ресторанот е 1 час и 55 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот