Кој е Србинот од снимката на шпионската афера?

Фото: Принтскрин

Позадината на наводната шпионска афера ќе биде под темелна истрага на најголемите безбедносни структури на Србија, пишуваат Новости.

Главните актери на аферата се бившиот помошник на претставникот за одбрана на руската амбасада во Белград, полковникот Георгиј Викторовиќ Клебан, како и наводен висок српски службеник. Како што наведуваат Новости, операцијата веројатно е нарачана од Западот, а целта е компромитирање на односите на Белград и Москва.

Идентитетот на наводниот висок службеник на Србија, кој прима мито, а чиј лик на снимката е замаглен, сеуште е најголемото прашање во овој случај.

Според информациите на Новости, најверојатно не станува збор за високопозициониран офицер, ниту за државен службеник.

Постојат дури и индикации дека контактот на Клебан е само прв човек на едно скромно проруско здружение кое делува во Србија.

За време на вчерашниот ден се појавија и информации дека снимката е стара две години, а дека снимениот Србин е цивил кој на Русите за одредена сума им давал доверливи информации, пренесуваат Новости.

Соговорникот на Новости од безбедносниот сектор наведува дека уште не се познати сите мотиви на оваа операција, но дека многу можно е нарачателот на аферата да е од Западот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот