Кој е рускиот генерал испратен да командува во Казахстан : Учествувал во анексијата на Крим, двете војни во Чеченија, и предводеше баталјон во Приштина

Генерал АНдреј Сердјуков принт скринин Твитер

Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) денеска го именуваше Андреј Сердјуков, генерал на руските воздухопловни сили со четири ѕвезди, за шеф на својата мултилатерална „мировна мисија“ во Казахстан, соопшти руското Министерство за одбрана.

Според неговата биографија, Сердјуков бил учесник во Првата и Втората чеченска војна, тој командувал со комбиниран баталјон на воздухопловните сили во Приштина и руските воени операции во Сирија. Тој пишува и дека во 2014 година учествувал во руската операција за анексија на Крим од Украина. Руска „Известија“ го нарекува „брилијантен“ организатор на настаните на Крим.

Се наведува дека „руската армија им помага на казахстанските безбедносни сили да воведат ред во земјата и да преземат целосна контрола над аеродромот во Алмати“.

Немири во Казахстан
Фото: EPA-EFE/STR

ЕУ претходно апелираше до Русија да го почитува суверенитетот на Казахстан.

Познавачите на состојбите во земјите од поранешниот Советски Сојуз ја опишуваат актуелната ситуација во Казахстан како „мрачни денови на рускиот империјализам“.

Официјалниот претставник на Министерството за одбрана на Русија, Игор Конашенков, за агенцијата Тас, изјавил дека руските мировни сили вклучуваат единици на 45-та посебна бригада на специјалните воздушни сили, 98-та воздушна дивизија и 31-та посебна бригада.

Руски трупи заминуваат во Казахстан  EPA-EFE/

 

„Сите војници во рускиот контингент поминаа специјална обука и имаат борбено искуство. „Командантот на воздухопловните сили Андреј Сердјуков е назначен да раководи со мировните сили во Република Казахстан“, рече Конашенков

Руското Министерство за одбрана соопшти дека најголемиот дел од руските мировни сили од контингентот на Организацијата на Договорот за колективна безбедност се подготвени да летаат за Казахстан од неколку аеродроми низ Русија.

Немири во Казахстан
Фото: EPA-EFE/STR

Портпаролката на МНР Марија Захарова вчера изјави дека мировните сили на оваа организација се испраќаат во Казахстан на барање на властите на таа република и дека одлуката е донесена колективно.

Претседавачот на ОДКС, ерменската премиерка Никол Пашинјан, завчера потврди дека Алијансата ќе испрати мировници „на ограничен временски период“. Медиумите потсетуваат дека Ерменија, Казахстан и Русија се сите членки на Советот за човекови права на ОН.

 

Американскиот Стејт департмент соопшти дека „внимателно ја следи“ ситуацијата во Казахстан, а портпаролот ги повика властите и демонстрантите да покажат воздржаност.

Казахстански престедател Касим Џомарт Токаев EPA-EFE/

 

Казахстанскиот претседател Касим Џомарт Токаев изјави дека ги овластил руските војници да „пукаат без предупредување“ врз граѓаните. Тој рече дека тие што демонстрирале биле „20.000 бандити“

. Казахстанското Министерство за внатрешни работи во посебно соопштение соопшти дека се убиени 26 „вооружени криминалци“, а повеќе од 3.000 се приведени, а од почетокот на протестот оваа недела загинале 18 полицајци и членови на Националната гарда.

 

Токаев е втор прерстедател на Казахстан откако земјата прогласи независност во 1991 година. Неговиот избор за претседател беше осуден во 2019 година од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), укажувајќи на слабото почитување на демократските стандарди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот