Кој е новинарот што го објави видеото во кое Боки 13 зема пари од Камчев

Ларис Гаисер е авторот на статијата поткрепена со видео и аудиуо снимки на кое се гледа како Зоки Кичеец и Боки 13 земаат 1,5 милиони евра, пари со кои си ја платил слободата бизнисменот Орце Камчев, јавува Пресинг.

Гаисер е роден во Птуј, Словенија, а во неговото си-ви стои дека е геополитички аналитичар, менаџер и економски консултант. Тој особено аналитички ја следи состојбата во Македонија од 2016 година и свртува внимание на важноста од владеењето на правото.

Со диплома од геополитичка економија се стекнал на Универзитетот во Верона, а специјализирал на Политехничкиот универзитет Англија во Велика Британија и во ОН.

Реал политиката е неговата ориентација, а во анализите во фокусот се националните интереси како основа на надворешната политика и е поборник на демократијата како средство за регулирање на меѓународните односи во модерните времиња.

Гаисер, исто така, е советник на влади и на различни политички организации и е предавач на Универзитетот во Џорџија. Раководел со одделот за финансии на Евро-медитерантскиот универзитет – ЕМУНИ, во Порторож, а бил и советник со словенечкото МНР. Во 2015 година бил избран во претседателството на Паневропската унија со седиште во Стразбур.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот