Кој е најбогатиот човек на сите времиња

Најбогат човек во историјата бил африканскиот владетел од 14 век, Мансе Муса. Неговото богатство било околу 400 милијарди долари пресметано во денешни рамки. Муса бил владетел на кралството Мали, кое ги опфаќало денешниот Сенегал, Мали, Буркина Фасо, Нигер, Гамбија, Гвинеја, Брегот на Слоновата коска. Владеел над територија богата со злато. Според историските записи Муса не бил скржав човек.

На почетокот на 14 век, патувајќи кон Мека со својот караван од 12.000 луѓе, на поминување застанал 3 месеци во Каиро и во тој период на народот му поделил толку злато што ја уништил економијата на целиот регион за следните 10 години, бидејќи целосно ја урнал вредноста на златото.

Второто место на листата на најбогатите му припаѓа на Октавијан Август, првиот цар на Римското Царство. Трет е Џао Сју, цар на Кина, а четврти Акбар Велики, владетел на Монголското Царство. Ендрју Карнеги, шкотско-американскиот индустријалист бил „тежок“ 372 милијарди долари, а веднаш зад него е Џон Рокфелер, американскиот бизнис-магнат со 341 милијарди долари. Се верува дека последниот руски цар Николај Александрович Романов имал лично богатство вредно 300 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот