Кој е Михаил Мишустин, кандидатот на Путин за премиер на Русија

Фото: EPA-EFE/ALEXEY NIKOLSKY / SPUTNIK / KREMLIN

Во биографијата на Мишустин пишува дека е оженет, има три сина, се занимава со спорт и игра хокеј, а член е и на Надзорниот одбор на хокеарскиот клуб ЦСКА од Москва.

Михаил Мишустин (53), кандидатот за премиер на Русија, како што се наведува, не се истакнувал многу во јавноста. Според пишувањата на „АП“, изборот на Мишустин, кој нема политичка тежина укажува дека тој нема да има независна улога.

Роден е на 3 март 1966 година, а дипломирал на Московскиот машински универзитет, каде завршил и постдипломски студии. Мишустин од 1998 година работи во руската Влада, а на чело на Сојузната даночна служба е од 2010 година.

Тој во 1989 година дипломирал на смерот за компјутерски дизајн, а во 1992 година на истиот институт ги завршил и докторските студии за економија.

Автор е на три книги за даночна администрација и 40 научни текстови.

По школувањето започнал да работи како директор на една испитна лабораторија, а подоцна го предводел и управниот одбор на Меѓународниот компјутерски клуб (ИЦЦ).

Како што се наведува, во ИЦЦ привлекол големи странски компании и станал организатор на Меѓународниот компјутерски форум.

Во август 1998 година е поставен за заменик-шеф на Руската федерална даночна служба, а од март 1999 година до март 2004 година бил заменик-министер на Руската Федерација за даноци и давачки.

Во март 2008 година станал претседател на групата на претпријатија УФГ (UFG Asset Management) – една од најголемите компании која работи во Русија на полето на управување со имоти, приватен капитал и (заедно со „Дојче Банк“) на домашни инвестициски фондови.

Како што наведуваат руските медиуми, тој во јавноста станал познат по тоа што во 2002 година организирал подигнување на два кредити од Светската банка за купување на компјутерска опрема во вредност од 100 до 160 милиони американски долари, а во исто време, изградил луксузна куќа на автопатот Рублево-Упенски со голем спортски комплекс.

Во биографијата на Мишустин пишува дека е оженет, има три сина, се занимава со спорт и игра хокеј, а член е и на Надзорниот одбор на хокеарскиот клуб ЦСКА од Москва.

Фото: EPA-EFE/ALEXEY NIKOLSKY / SPUTNIK / KREMLIN

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот